Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: 306 земјоделци есенската сеидба ја завршуваат со нови трактори, финансирани преку Програмата за рурален развој и АФПЗРР
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Механизација > 306 земјоделци есенската сеидба ја завршуваат со нови трактори, финансирани преку Програмата за рурален развој и АФПЗРР
Механизација

306 земјоделци есенската сеидба ја завршуваат со нови трактори, финансирани преку Програмата за рурален развој и АФПЗРР

Објавено 26/11/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски, денеска во скопско Стајковци го посети земјоделското стопанство „Еко-Фарм 2017“ и управителот Александар Крстевски, кој од АФПЗРР има добиено финансиска поддршка за набавка на трактор. Станува збор за набавен трактор од марката „Арматраг“, со вкупна вредност на инвестицијата од 733 илјади денари од кои 403 илјади денари се вратени на сметаката на апликантот.

Директорот на АФПЗРР, Бачовски информираше дека преку мерката „Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства, подмерка набавка на трактори веќе се реализирани и исплатени повеќе од половина од одобрените апликации.

May be an image of 3 people and outdoors

„Преку оваа мерка потпишани се 540 договори за набавка на трактори. До денеска исплатени се 306 апликанти и на нивните сметки вратени се 120 милиони денари. Тоа се сериозни средства кои се вратени на сметките на земјоделците. Агенцијата продолжува да имплементира и реализира мерки кои го осовременуваат домашниот агро сектор. Преку програмата за рурален развој АФПЗРР исплати 990 милиони денари за поддршка на мерките кои се реализраат преку оваа програма. Со тоа реализацијата на средствата од програмата за рурален развој е 85%. Практично овие средства се инвестирани во капитални, развојни проекти кои го прават секторот земјоделство поконкурентен и со пониски производни трошоци.“, истакна Бачовски.

Управителот на „Еко-Фарм 2017“, Крстевски, вели дека тракторот стасал во вистински момент.

„Оваа есенска сеидба, новиот трактор значително ги намали производните трошоци. Обработката на 10 хектари површина со градинарски култури, сега оди полесно, а скратено е и времето за обработка. Ваквите мерки не само што нѐ прават поконкурентни, туку нѐ тераат да ги зголемуваме површините. Повратот на повеќе од половина од средства за набавка на трактор веќе планирам да ги реинвестирам во нови проекти кои ќе ми овозможат да креирам додадена вредност на домашните произведени земјоделски култури“, објасни Крстевски.

May be an image of outdoors

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој како и минатите години и оваа останува најефикасна институција во делот на реализација на предвидените и одобрени капитални инвестиции и средства. Владата на Република Северна Македонија, останува посветена во обезбедување и реализација на мерки преку кои граѓаните добиваат квалитетни проекти кои подеднакво го развиваат секој дел од државата. Рамномерниот регионален развој, капиталните инвестиции во општините, набавка на нова модерна механизација, како и отворање на нови современи земјоделски стопанства остануваат во фокусот на АФПЗРР.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Агро Геа понуда: Сено – собирач/растурач
(ВИДЕО) АГРО ГЕА: Мини утоварач, одличен за работа на фарма! Можност за плаќање на рати!
Агро Геа: Резервни делови за БАЛИРАЧКИ од брендовите SIPMA, JOHN DEERE, CLASS, WELGER, LIFAM, NH, AMA Scrobatti, MF, IHC и други
(ВИДЕО) АГРО ГЕА: Мини утоварач со носивост 520 кг, одличен за работа на фарма!
АГРО ГЕА: Тракторски приколки!
Таг:Никица Бачовски
Претходен напис Снег на планините во Дебарско, сообраќајот се одвива по влажни коловози, се препорачува внимателно возење
Следен напис Новиот трактор во семејната градинарска фарма „Еко Фарм“ е во вредност од 733 илјади денари, од кои 403 илјади се грант од државата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?