Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „СН Осигурителен брокер“ ги почитува препораките, воведува нов начин на комуникација со клиентите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Кредитирање и осигурување > „СН Осигурителен брокер“ ги почитува препораките, воведува нов начин на комуникација со клиентите
Кредитирање и осигурување

„СН Осигурителен брокер“ ги почитува препораките, воведува нов начин на комуникација со клиентите

Последна измена: 16/03/2020 20:11
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Известување за клиенти – консултација и асистирање при пријава на штети и реализирање на оштетни побарувања во услови на епидемија

Почитувани клиенти,

Со цел минимизирање на сите ризици поврзани со епидемијата на COVID-19, СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР, продолжува да презема превентивни мерки во согласност со препораките на надлежните институции во државата и да го прилагодува начинот на функционирање, со цел заштита на вработените и клиентите и превенција на натамошното ширење на вирусот.

Имајќи ги предвид тековните случувања, СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР, воведува нов начин на консултација и асистирање при пријава на штети и реализирање на оштетни побарувања, кој што ќе им обезбеди на нашите клиенти најефикасна поддршка во овие предизвикувачки околности.

Доколку имате потреба од СЕКТОРОТ ШТЕТИ во периодот што следи, Ве замолуваме да ги следите долунаведените насоки:

1. Оставете порака по електронски пат на нашата адреса [email protected], вклучувајќи ја целокупната документација со која што располагате за штетата. Повратно ќе ви доставиме обрасци за пријава на штета и инструкции за нивно пополнување.

2. При неможност за комуникација по електронски пат како и за штетите за кои е потребен неодложен увид, можете да се обратите во просториите на СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР, СЕКТОРОТ ШТЕТИ во периодот од 9 до 11 часот, секој работен ден.

3. Ве молиме, во случај на веќе пријавена на штета, да се погрижите да ги приложите сите дополнителни документи неопходни за реализирање на оштетно побарување, a за кои има потреба од дополнителна документација, исто така да ни ја доставите по електронски пат на адресата [email protected], при што треба да се повикате на бројот на штетата.

Ви благодариме и воедно се надеваме на разбирање и почитување на наведените вонредни мерки.

Може да ви се допадне

Усвоен договорот за стратешко партнерство со Обединетото кралство
Променливо облачно, со услови за слаб снег во западните делови од земјата
Мицкоски: Од февруари компаниите ќе можат да ги користат средствата од унгарскиот кредит 
Мицкоски: Во јануари очекувам фирмите да подигаат пари од унгарскиот кредит
Камата од 1,95% за компаниите кои ќе аплицираат за пари од унгарскиот кредит
Таг:епидемијаризициснуслови
Претходен напис Министерот одговори на вашите прашања: Кога ќе има субвенции за тутун, договори за земја, колкава е поддршката за сончоглед…
Следен напис Вирусот COVID-19 и домашните миленици?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?