Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Министерот одговори на вашите прашања: Кога ќе има субвенции за тутун, договори за земја, колкава е поддршката за сончоглед…
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Министерот одговори на вашите прашања: Кога ќе има субвенции за тутун, договори за земја, колкава е поддршката за сончоглед…
Агровести

Министерот одговори на вашите прашања: Кога ќе има субвенции за тутун, договори за земја, колкава е поддршката за сончоглед…

Последна измена: 16/03/2020 19:02
Сподели
4 мин. за читање
Сподели

Почитувани земјоделци, како што веќе најавивме ги добивме одговорите на дел од вашите прашања поставени до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.

Со оглед дека најголемиот број прашања се однесуваа на исплатата на субвенциите за тутун, започнуваме со одговорот на земјоделецот Метин Халили од велешкото село Бузалково:

1.Ме интересира кога ќе започне исплатата на субвенциите за тутун за последната реколта – праша Халили

Според одговорот на министерот Димковски, до крајот на март 2020 година треба да заврши исплатата на субвенциите за тутунот. Субвенциите и оваа година се зголемени според класите и тоа 80 денари за прва класа, 70 денари за втора класа и за сите останати 60 денари.

2. Кире Богоески од Прилеп се интересираше до каде е постапката за јавниот повик за државно земјоделско земјиште од послениот повик.

Од МЗШВ велат дека поради изборниот процес запрена е евалуацијата на понудите за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост. По завршување на изборите ќе се продолжи со постапката за избор.

3Имавме прашање од земјоделец од Битолско за висината на субвенциите за наут (слануток)

За наут (слануток) поддршката е: 12.000 денари по хектар со сертифициран семенски материјал, 6.000 денари по хектар без сертифициран семенски материјал. Доколку земјоделското стопанство има површини од 5 до 50 хектари тогаш поддршката е 14.400 денари по хектар. Напомена земјоделското стопанство мора да го исполни условот да има минимим 0,5 хектари земјоделско земјиште.

4.Миле Ѓуриќ од велешко Иванковци прашува: Ме интересира колку се субвенциите за сончогледот и пченка?

За сончоглед: 12.000 денари по хектар со сертифициран семенски материјал, 6.000 денари по хектар без сертифициран семенски материјал. Доколку земјоделското стопанство има површини од 5 до 50 хектари тогаш поддршката е 14.400 денари по хектар. Напомена земјоделското стопанство мора да го исполни условот да има минимим 0,5 хектари земјоделско земјиште. • За сончоглед дополнителна: 5.760 денари по хектар, но да користи сертифициран семенски материјал и да произведе минимум 1.500 килограми по хектар • За сончоглед дополнителна: 3.000 денари по хектар со сертифициран семенски материјал.

Покачувањето на субвенциите за сончоглед е во интерес на зголемување на површините под оваа култура и договорното производство на сончоглед.

• За пченка: 12.000 денари по хектар со сертифициран семенски материјал, 6.000 денари по хектар без сертифициран семенски материјал. Доколку земјоделското стопанство има површини од 5 до 50 хектари тогаш поддршката е 14.400 денари по хектар. Напомена земјоделското стопанство мора да го исполни условот да има минимим 0,5 хектари земјоделско земјиште.

5.Мирсат Усаини – прашува дали за младите земјоделци пчелари е предвидено 10% зголемени субвенции за презимени пчелни семејства.

МЗШВ: Да, за младите земјоделци е предвидено 10% повисоки субвенции за презимени пчелни семејства.

Почитувани земјоделци, продолжуваме и натаму со одличната соработката со Центарот за комуникации на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кои се целосно отворени за вашите прашања, сугестии и дилеми.

Има уште прашања за кои очекуваме одговор од останатите институции кои ќе ги објавиме штом ќе ги добиеме.

Во меѓувреме продолжете со комуникацијата преку Агротим.мк

Може да ви се допадне

Трипуновски: Имаме сериозен раст во делот на откупот и пласманот на земјоделските производи според податоците на ДЗС
Младиот компир во струмичко ќе се откупува за 35 денари килограм
(ВИДЕО) Трипуновски: Со откупувачите на младиот компир се постигна договор во корист на земјоделците
Нов проект на Северна Македонија и ФАО, поддржан од Зелениот климатски фонд за управувањето со шумски пожари и зголемена климатска отпорност
Јапонскиот министер за земјоделство поднесе оставка откако се пофали дека добива бесплатен ориз
Таг:subvenciiинформацииминистерминситерство
Претходен напис Се затвора добиточниот пазар во Битола
Следен напис „СН Осигурителен брокер“ ги почитува препораките, воведува нов начин на комуникација со клиентите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?