Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР доби одобрение да издаде прва емисија на корпоративни обврзници од 80 милиони денари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агросектор > СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР доби одобрение да издаде прва емисија на корпоративни обврзници од 80 милиони денари
Агросектор

СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР доби одобрение да издаде прва емисија на корпоративни обврзници од 80 милиони денари

Објавено 27/07/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Комисијата за хартии од вредност донела Решение со кое на СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР АД Битола му е дадено одобрение да издаде прва емисија на корпоративни обврзници по пат на јавна понуда. 

За ова Комисијата преку соопштение ја извести јавноста. 

Како што објаснуваат од КХВ, станува збор за 8.000 долгорочни должнички хартии од вредност со вкупна продажна вредност од 80.000.000 денари, која е еднаква со номиналната вредност на емисијата.

Обврзниците ќе се понудат преку Македонската берза по моделот фиксна цена, со давање приоритет на налози со порано време на внес на налогот. Оттука, поединечната продажна цена на обврзниците е фиксна и изнесува 10.000 денари.

Каматната стапка на долгорочните должнички хартии од вредност за целиот период е фиксна и ќе изнесува 6 отсто на годишно ниво. Пресметката и исплатата ќе се врши еднаш годишно, сметано од денот на упис на обврзниците во Централниот депозитар за хартии од вредност.

Првата исплата на камата ќе започне по истекот на 12 месеци од денот на уписот, а ќе заврши по истекот на 5 години. Согласно Законот за хартии од вредност, менаџментот утврдил процентот на успешност на јавната понуда да изнесува над 60 отсто од вкупната емисија.

Емисијата на обврзници на СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР АД Битола се врши заради подобрување на финансискиот потенцијал на Друштвото и остварување на планираните цели и стратегии за негов раст и развој.

На седницата што се одржала на 23 јули, КХВ, како што соопштуваат, согласно Законот за инвестициски фондови, на ДУИФ Иново Статус АД Скопје и на извршните членови на Одборот на директори им изрекла јавна опомена, и истовремено со Решение ги задолжила да ги отстранат утврдените неправилности. 

„Имено, друштвото во целост го нема усогласено работењето со важечката регулатива за спречување перење пари и финансирање тероризам. Дополнително, спротивно на Законот за инвестициски фондови, Иново Статус АД Скопје не ги има ажурирано документите на отворениот инвестициски фонд“, велат од КХВ.

Од Комисијата за хартии од вредност исто така информираат и дека поради спроведена постапка на присоединување на Друштвото за управување со инвестициски фондови Илирика Фунд Менаџмент АД Скопје кон Генерали Инвестментс АД Скопје, КХВ дала согласност на измените на Статутите согласно кои се променија називите на три отворени инвестициски фондови и тоа на: ИЛИРИКА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА (нов назив ГЕНЕРАЛИ ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА), ИЛИРИКА КЕШ ФОНД (нов назив ГЕНЕРАЛИ КЕШ ФОНД) и ИЛИРИКА ГЛОБАЛ-РАСТЕЧКИ ПАЗАРИ (нов назив ГЕНЕРАЛИ ГЛОБАЛ-РАСТЕЧКИ ПАЗАРИ).

Заради усогласување со новите измени на Законот за инвестициски фондови, КХВ донела три подзаконски акти и ги ставила на јавна расправа на веб страницата во времетраење од 30 дена со цел заинтересираните страни да ги дадат своите забелешки и сугестии. Станува збор за:
– Предлог Правилник за содржината, формата и начинот на доставување на информации за припојувањето и спојувањето до сопствениците на удели;
– Предлог Правилник за формата и содржината на барањето за добивање одобрение за организирање на отворен инвестициски фонд и
 -Предлог Правилник за формата и содржината на Проспектот на отворен и затворен инвестициски фонд.

Извор – ФАКТОР

Може да ви се допадне

БАНКИ кои нудат ЗЕМЈОДЕЛСКИ КРЕДИТИ: Услови, камати, контакти…
ЗК Пелагонија забележува раст на приходите од речиси 400%
Во оранжериите „Трнка“ се берат првите гајби зелка, со посветеност и труд до исплатлив агробизнис
Азески: Ако државата сериозно ги анализираше предлозите на Комората, ќе имавме многу поголем раст и развој
ПроКредит Банка и ЕФСЕ со нова Агро кредитна линија со грант поддршка до 1.000 евра за земјоделските производители
Таг:инвестицискиснфиннасиифонд
Претходен напис Утре во Охрид и Вевчани инфо ден за ИПАРД, Мерка 7
Следен напис Владата го одобри и третиот пакет одобрени проекти и договори за 34 општини со што се заокружува реализацијата на програмата ТАВ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?