Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Владата го одобри и третиот пакет одобрени проекти и договори за 34 општини со што се заокружува реализацијата на програмата ТАВ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Владата го одобри и третиот пакет одобрени проекти и договори за 34 општини со што се заокружува реализацијата на програмата ТАВ
Агровести

Владата го одобри и третиот пакет одобрени проекти и договори за 34 општини со што се заокружува реализацијата на програмата ТАВ

Објавено 27/07/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата на Република Северна Македонија на денешната тематска седница за 3-та група договори од пренаменети средства од Договорот со ТАВ, го разгледа и одобри пакетот договори за регулирање на меѓусебните права и обврски помеѓу договорните страни за финансиска поддршка финансирање на инфраструктурни проекти на општините од програмата ТАВ.

Третиот пакет опфаќа 34 општини на кои им се одобрени проектите со кои тие аплицираа за оваа програма и со кои се опфатени изведби на инфраструктурни зафати од непосреден интерес на граѓаните од опфатените општини со овој пакет и со нив се заокружува реализацијата на програмата ТАВ.  

На оваа седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата во врска со склучување на договор за регулирање на меѓусебните права и обврски помеѓу договорните страни во врска со изведба на проектот – Инвестиција во подобрување на Терминал на Аеродром Скопје и Инвестиција во модернизација и проширување на Терминал на Аеродром Охрид, од Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје и го усвои текстот на Договорот.

Овој договор произлегува од Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за склучување на Анекс на договорот за концесија за промена на намена на дел од средствата кои концесионерот на двата аеродроми ТАВ ги имаше предвидено за изградба на карго аеродром во близината на Штип.

Може да ви се допадне

АХВ: Потврдени три позитивни случаи на вирусот на Западнонилска треска кај угинати гаврани
Студија: Пестицидите годишно предизвикуваат околу 11.000 смртни случаи кај земјоделците во светот
УНЕП: Глобалното затоплување ќе достигне најмалку 1,8 степени Целзиусови
ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ за поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија и цвеќе
ДЗР: Изградба на фотоволтаични електрани без целосно функционален систем за планирање, одобрување и надзор
Таг:владапроектиседница
Претходен напис СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР доби одобрение да издаде прва емисија на корпоративни обврзници од 80 милиони денари
Следен напис Времето денеска многу топло со температури до 41 степен
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?