Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Утре во Охрид и Вевчани инфо ден за ИПАРД, Мерка 7
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Утре во Охрид и Вевчани инфо ден за ИПАРД, Мерка 7
Агровести

Утре во Охрид и Вевчани инфо ден за ИПАРД, Мерка 7

Објавено 27/07/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На 28 јули 2021 година (среда), Телото за управување со ИПАРД и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ќе одржат информативно- едукативни настани во:

  • Охрид, во салата за совет на општина Охрид во 11.00 часот и
  • Вевчани, во салата за совет на општина Вевчани во 13.00 часот.

Инфо деновите се одржуваат со цел подобра информираност на заинтересираните странки во врска мерката 7 од ИПАРД Програмата 2014-2020 и поставување на прашања и добивање на одговори за сите странки кои се заинтересирани за аплицирање по оваа мерка.

Јавниот повик 01/2021 за мерката 7 е објавен на 8ми јули 2021 година и во тек е доставувањето на Барањата за користење на средствата со цел до 22 август 2021 година сите заинтересирани странки да ги достават комплетно пополнетите Барања за користење на средства и целокупната документација, која се бара во Јавниот повик, до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Приоритетни сектори по кои може да се аплицира со овој Јавен Повик се:

  1. Алтернативно земјоделско производство
  2. Производство на прехранбени производи и пијалоци и тоа за следните типови на инвестиции:
  • Алкохолни производи од грозје или овошје и пиво;
  • Колачи, тестенини и пекарски производи;
  • Чај и билни екстракти;
  • Зачини и билки;
  • Слатководна риба, ракови и мекотели и
  • Други производи кои не се наведени во Листа на производи од Анекс I на Договорот за функционирањето на ЕУ.
  1. Производство на не-прехранбени производи
  2. Занаетчиски дејности, кои се во согласно со Правилникот за определување на дејности кои можат да ги вршат занаетчиите
  3. Обезбедување на услуги во земјоделството
  4. Развој на услуги за руралното население
  5. Промоција на руралниот туризам

Јавниот повик 01/2021 е објавен на интернет страницата на Телото за управување со ИПАРД  www.ipard.gov.mk на следниов линк:

ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2021 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020

– За дополнителни информации и детали за предходната најава за ИПАРД 2014-2020, сите заинтересирани лица, може да добијат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.ipard.gov.mk), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој www.ipardpa.gov.mk и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството www.agencija.gov.mk или на телефонските броеви на Секторот за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:вевчаниинфо денИпардохрид
Претходен напис (ВИДЕО) „Договорно производство на органска пиперка“- Поголема и сигурна заработка, еве што треба да знаете!
Следен напис СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР доби одобрение да издаде прва емисија на корпоративни обврзници од 80 милиони денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?