Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Смоквата може да порасне и до 10 метри: Еве каде не треба да се сади
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Смоквата може да порасне и до 10 метри: Еве каде не треба да се сади
Совети

Смоквата може да порасне и до 10 метри: Еве каде не треба да се сади

Објавено 09/03/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Смоквата е едно од најпопуларните овошни дрвја во дворовите низ целиот регион. Освен што дава вкусни и здрави плодови, многу луѓе ја садат поради пријатната сенка што ја создава во текот на летото. Сепак, експертите предупредуваат дека треба внимателно да размислите каде ќе ја засадите, бидејќи смоквата може да предизвика проблем ако се наоѓа премногу блиску до куќата.

Иако на прв поглед изгледа како идеално дрво за двор, смоквата има неколку карактеристики што ја прават непријатна за садење во непосредна близина на објекти.

Силниот корен може да го загрози темелот

Една од главните причини зошто смоквата не треба да се сади блиску до куќата е нејзиниот силен и разгранет коренов систем. Коренот расте агресивно и се шири во потрага по влага, па затоа може да навлезе во пукнатини во земјата или бетонот.

Со текот на времето, може да се приближи до темелите на куќите, дворните патеки или водоводните и канализациските цевки. Во некои случаи, коренот може дури и да крене плочи, да оштети инсталации или да предизвика пукнатини во темелите.

Затоа експертите советуваат смоквата да се сади најмалку 5 до 10 метри од куќата и другите објекти.

Одлична бујност и широка крошна

Освен по коренот, смоквата е позната и по својата голема бујност и силен раст. Во поволни услови, може да порасне до 6-10 метри во висина, додека нејзината крошна често станува многу широка и разгранета.

Таквата крошна може да предизвика неколку проблеми во дворот:

– гранките може да се приближат премногу до покривот или фасадата

– големи лисја и плодови постојано паѓаат на терасите, патеките или покривот

– густата крошна создава многу сенка, па тревата и другите растенија под неа тешко растат

зрелите плодови можат да привлечат инсекти, оси и птици

Поради својата бујност, смоквата бара многу простор, па затоа е многу подобро да се засади на крај од дворот отколку во близина на куќата или терасата.

Што треба да знаете пред да засадите смоква

Ако планирате да засадите смоква во дворот, добро е да обрнете внимание на неколку важни работи:

Сончево место

Смоквата сака топлина и многу сонце. Најдобро успева на сончеви позиции.

Вид на почва

Растe добро на лесна и пропустлива почва. Не сака премногу влажни почви.

Простор за раст

Бидејќи смоквата може да живее повеќе од 50 години, важно е однапред да се испланира место каде што ќе има доволно простор за развој на крошната и коренот.

Заштита од студ

Иако е толерантна на суша, смоквата може да биде чувствителна на многу ниски температури, особено во континенталните области.

Каде е најдобро да се засади смоква?

Најдоброто место за садење смоква е на крајот од дворот, подалеку од куќата, терасата, патеката и инсталациите. На таква локација, таа ќе има доволно простор да развие голема крошна и силни корења, а вие ќе можете да уживате во нејзините плодови и сенка без грижа.

Смоквата може да биде одлично овошно дрво во дворот – но само ако е избрано вистинското место за неа. Во спротивно, она што денес изгледа како малао дрво може да стане сериозен проблем за куќата и дворот за неколку години., пишува Agrosavjet.com.

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Таг:близинакуќатаплодовипораснесмоква
Претходен напис Не е тешко: само едно парче дневно го намалува ризикот од камења во жолчката
Следен напис Лековитите својства на лукот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?