Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Слоу Фуд Македонија: Нова дигитална алатка за поврзување на малите производители
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Слоу Фуд Македонија: Нова дигитална алатка за поврзување на малите производители
АгровестиДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Слоу Фуд Македонија: Нова дигитална алатка за поврзување на малите производители

Објавено 18/01/2021
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во својата посветеност и  поддршка на малите произиводители на храна од руралните средини, Слоу Фуд Македонија секогаш ја потенцира нивната важност за развојот на локалната економија, снабдувањето со храна, заштитата на биодиверзитетот, традициите и животната средина.

Всушност тоа е дел од нашата мисија која се темели врз давањето глас и видливост токму на овие производители, подигањето на свеста за вистинската вредност на нивната работа и обезбедувањето на алатки потребни за да можат да работат во подобри услови.

До скоро на малите производители не се гледаше како на засебен сектор за кои се потребни посебни стратегии и програми за развој. Исто така не постоеше ниту посебна законска рамка со која се регулираат условите за нивна регистрација што доведуваше до ограничен пристап на пазарот и намалени можности за остварување на дополнителни финансиски приходи. Со овие ограничувања во голема мера се загрозува опстанокот на локалната автентична храна, традиционалните рецепти и локалниот биодиверзитет. И покрај огромните можности, туристичките понуди кои се нераскинлив сегмент за развојот на локалната економија,  сеуште се оскудни и не го постигнуваат максималниот потенцијал.

Преработката на сопственото грозје во вино, дестилати и маџун е една од можностите за лозарите © Slow Food архива

Повеќе од половина земјоделски стопанства во Македонија се од мал обем. Голем дел од нив одгледуваат разновидни земјоделски култури на житарици, овошје и зеленчук, кои најчесто се откупуваат за пласман на пазарот како свежи или за големите преработувачки капацитети. Во помал обем се преработуваат во производи како џемови и мармалади, ајвар и туршија,  домашни тестенини и пецива, дестилати, вино, а во поново време и пиво. Притоа, многу често применуваат традиционални рецепти на производство и суровини кои потекнуваат од локалните сорти.

Посветени на нивната работа тие најчесто не успеваат да ги добијат информациите кои се однесуваат на поддршка во различни сегменти од нивното производство, дали по однос на националните и останатите фондови за развој или по однос на нови законски регулативи кои се во насока на олеснета регистрација на нивните производства.

„СЕКОГАШ  СЕ ПОТРЕБНИ  НОВИ ИНФОРМАЦИИ  СО КОИ  ГОЛЕМИТЕ  ИДЕИ НА МАЛИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ МОЖЕ ДА СТАНАТ РЕАЛНИ. MOЌТА ДЕНЕС ДОАЃА ОД ПОСЕДУВАЊЕ НА ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ. ИНФОРМИРАНИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ГИ КОРИСТАТ РАСПОЛОЖИВИТЕ МОЖНОСТИ КОИ ДОВЕДУВААТ ДО ТРАНСФОРМАЦИИ И РАЗВОЈ.“

Слоу Фуд Македонија изработи и пласира дата база за мали прооизводители на храна со цел да ги идентификува, а потоа и да ги информира за релевантните регулативи и условите за регистрација на нивните производства како и да ја олесни директна врска со потрошувачите.

„Потенцијал и поле за работа има, а особено во врeме на пандемија кoга интересот за нивните производи расте, но пласманот е скоро оневозможен. Во време на дигиталната ера,  моќта доаѓа од пренесувањето на информации со кои се создаваат услови за продуктивна, специфична и пред се конкурентна понуда на пазарот. Идејата за креирање на една ваква дата база на мали производители на храна, произлезе како логичен чекор во остварувањето на мисијата на нашата организација, која пак е целосно насочена во поддршката на малите производители. Со ставањето во функција на една ваква дигитална алатка сите производители кои се дел од истата навремено ќе добијат информации за националните регулативи и условите за нивна регистрација, информации за можности за добивање на средства за реализација на нивната бизнис идеја, информации за работата и запознавање со Слоу Фуд и можностите кои ги нуди за нивно застапување и промоција, информации со можности за дистрибуција на нивните производи. Затоа ги повикуваме сите производители кои се пронаоѓаат во нашата приказна да пристапат до дата базата, да ги остават своите податоци и да се впишат.“, изјави координаторот во Слоу Фуд одговорен за изработката и поставувањето на дата базата, Елена Каровска Гошевска.

Стимулирањето на семејните производства ќе доведе со збогатување на понудата на разновидни производи на пзарот со висок квалитет © Slow Food архива

Со поддршка на ИМЕ програмата, Слоу Фуд Македонија, учествува во процесот на олеснување на законската регулатива и нуди промоција на малите производители на храна во координација со Агенцијата за храна и ветеринарство.

Исто така во рамки на оваа програма се изработи флексибилна законска рамка прилагодена на капацитетите и потребите на малите производители и преработувачи на производи од растително потекло која овозможува да вршат директна продажба, но и да ги достават своите производи до локалните угостителски објекти и туристите. Малите производители ќе можат да го искористат целосно својот потенцијал, да ја зголемат продажбата, да отворат повеќе работни места и да придонесат за одржливост на семејните агробизниси. Пристапете  до Дата базата и внесете продатоци за вас, вашето производство или производители од кои набавувате производи за вашето семејство ТУКА.

Датабазата е изработена со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка – SDC преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ).

Извор – Слоу Фуд Македонија

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:агробизнисземјоделциСлоу Фуд Македонија
Претходен напис Пратеничката Даниела Колева покажува како се работи во интерес на земјоделците: Денеска на средба со раководителот на ПЕ на МЗШВ Кавадарци за мерките на Владата
Следен напис Милевски: Стакленик и метеоролошка станица во Полошкиот регион за подобрување на земјоделското производство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?