Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Милевски: Стакленик и метеоролошка станица во Полошкиот регион за подобрување на земјоделското производство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Милевски: Стакленик и метеоролошка станица во Полошкиот регион за подобрување на земјоделското производство
Агровести

Милевски: Стакленик и метеоролошка станица во Полошкиот регион за подобрување на земјоделското производство

Објавено 18/01/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

За развојот на земјоделството во Полошкиот регион инвестираме во стакленик за едукативни цели, метеоролошка станица за следење на параметрите како и бројни обуки за одгледување на различни земјоделски култури и изработка на бизнис планови за развој, најави министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

– Иако Полошкиот регион има долга традиција во земјоделското производство, одгледувањето на култури во стакленик не е достапно за голем број на земјоделци поради потребните инвестиции. Стаклениците од друга страна овозможуваат одгледување на култури во контролирани услови, со примена на нови научни сознанија и технологии, а со тоа и оптимизирање на производство. Овој проект поддржан од Швајцарска агенција за развој и обнова, ќе придонесе за зголемување на производството во земјоделието преку подобрување на компетенциите на жителите на Полошкиот плански регион со воведување на нови и попрофитабилни методи и култури, појасни тој.

Според него со проектот во вредност од 2.169.000 денари направена е инвестиција во функционален стакленик за едукативни цели, доедукација и помош на заинтересираните страни за да можат да истражуваат во одгледувањето на земјоделски култури и истото да го применат во пракса.

– Овој стакленик лоциран во кругот на Средно Стручно Општинско Училиште Моша Пијаде Тетово со опрема за автоматска регулација на температурата, технологии за прихрана на културата и автоматика за наводнување на база на системот капка по капка. Во склоп на опремата има и метео станица која го потпомага компјутерот за автоматска регулација на условите во стакленикот. Во рамките на проектот предвидени се и обуки за стекнување на вештини за одгледување на земјоделски  култури во стакленик и обука за стекнување на вештини за претприемништво односно изработка на бизнис планови, рече Милевски.

Министерот појасни дека на овој начин ќе се зголеми бројот на жители кои имаат вештини за одгледување на култури во стакленик, по 5 лица од секоја општина односно вкупно 45 лица од регионот. Исто така 30 ученици од земјоделско ветеринарна струка ќе стекнат вештини за одгледување на култури во стакленик а ќе се подобрат и условите за изведување на практична настава во училиштето. Околу 179 ученици од електротехничка струка пак ќе стекнат вештини за автоматизација и програмирање ќе ги подобрат своите познавања со изведување на практична настава во училиштето заедно со 20 наставници од електротехничка и земјоделска струка што ќе ги зголемат  компетенциите за работа во стакленик. Покрај тоа ќе порасне и бројот на на жители кои имаат компетенции за претприемништво и изработка на бизнис планови , на тој начин ќе биде обезбедена функционалност на стакленикот преку негова физичка адаптација и доопремување.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Горан Милевски.метеоролошка станицаПолошкиот регион
Претходен напис Слоу Фуд Македонија: Нова дигитална алатка за поврзување на малите производители
Следен напис И оваа година ваучери за одмор за вработените со ниски приходи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?