Денес реализиравме средба со раководителот на Подрачна единица Кавадарци МЗШВ Митко Керов. На средбата разговаравме за сите поволности, бенефиции и мерки од последните три години како поддршка за земјоделството, лозарството и винарството, кои продолжуваат да се исплаќаат и понатаму и за кои има огромен интерес од корисниците.
Некои од мерките:
Покачување на субвенциите за 20%.
Навремена исплата на сите винарски визби согласно законот до 30 април.
Решавање на неисплатено грозје од ВВ Повардарие и ВВ Стефани на 2350 земјоделци од вкупна сума од 1.8 милиони евра
Навремено, неселективно исплаќање на субвенциите во еден ден, тогаш кога им се најпотребни, односно кога започнува реколтата.
Мерка млад земјоделец неповратни 10 000 евра во 2017/2018 година, вкупно 624, од кои 26 во Општина Кавадарци.
Мерка Млад земјоделец 2018/2019 зголемена на 20 000 евра неповратни.
Доделени картички за зелена нафта на 6211 земјоделци со 30%субвенционирана нафта за 2018 година или 16.5 милиони денари.
Доделени картички за зелена нафта за 6232 земјоделци со 50%субвенционирана нафта за 2019 година или 27.5 милиони денари.
Ослободени од плаќање на закуп на лица до 29 год во првите 5 години кои основна дејност им е земјоделството.
Доделени 626 трактори од Националната програма со 50% повраток од државата, од кои 14 во Кавадарци.
Во ИПАРД 2 програма или мерка 1 за инвестиции во материјални средства (механизација)- во 2019 со буџет над 12 милиони евра од кои 9 милиони од ЕУ и 3 милиони од буџетот на РСМ за прв пат од кога сеформирани сите влади се искористени во целост или 731 корисник со вкупен износ од 12 милиона евра.
Измена на законот за вино, каде што со измената регистрирани се 21 семејна винарија во Општина Кавадарци, кои веќе своето вино може да го пласираат по маркети, ресторани и слично.
Склучени договори, односно воведени во владение нови над 50 корисници на државно земјиште.
Направени два инвестициони огласи, со намена и можностза натамошно ширење и вработување.
Дополнителна мерка предадено грозје во регистриранпроизводен капацитет во 2017 со 2 ден по кг или над 1.5 милиони евра.
Дополнителна мерка предадено грозје во регистриран производен капацитет во 2018 година со 1 ден по кг или околу 1 милион евра.
Дополнителна мерка предадено грозје во регистриранпроизводен капацитет во 2019 година со 2 ден по килограм или над 1.2 милиона евра.
Дополнителна мерка предадено грозје во регистриранпрозиводен капацитет за 2020 год и тоа преку Секретаријатот на Влада или фондот за Ковид каде што земјоделци доколку предале грозје за вино добиваат 2 ден по кг, а доколку предале грозје за дестилат 6 ден. по кг. Во исплатата се вклучени и земјоделци кои предале грозје високосортно било во визба или гајба за извоз со 2 ден по кг, и вклучени се во исплата откупувачите за извоз со 2 ден по кг или вкупно 5.5 милиони евра.
Дополнителни 2 ден по кг преку програмата за директни плаќања од платежната агенција во 2020 година со над 1.5 милиони евра.
Фејсбук статус на Даниела Колева – Пратеничка
