Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мицкоски: Избрана трасата за експресниот пат Кочани – Виница – Делчево, камен-темелник се очекува кон крајот на летото 2027 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Мицкоски: Избрана трасата за експресниот пат Кочани – Виница – Делчево, камен-темелник се очекува кон крајот на летото 2027 година
Агровести

Мицкоски: Избрана трасата за експресниот пат Кочани – Виница – Делчево, камен-темелник се очекува кон крајот на летото 2027 година

Објавено 21/11/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Почетокот на изградбата на експресниот пат што треба да ги поврзе Кочани, Виница и Делчево, со клучка за Македонска Каменица, се очекува да биде поставен кон крајот на летото или на почетокот на есента во 2027 година, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски за време на посетата на Делчево.

Одговарајќи на новинарско прашање за избраната траса, Мицкоски посочи дека по јавната расправа е избрана една од двете разгледани варијанти и дека апликацијата за проектот е веќе поднесена пред меѓународните финансиски институции.

– Станува збор за експресниот пат што треба да ги поврзе Кочани, Виница и Делчево, со клучка за Македонска Каменица. На јавната расправа беа разгледани две варијанти, од кои едната е избрана. Во тек е изработката на студија за изводливост и на еколошка студија, а веќе разговараме и со потенцијални финансиски институции. Јас и вицепремиерот и министер за транспорт го претставивме проектот пред Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој. Апликацијата е веќе поднесена – изјави Мицкоски.

Додаде дека студиите и концептите за избраната варијанта, доколку работите се одвиваат според очекувањата, би требало да бидат завршени напролет.

- Реклама -
Ad image

– Ако сè оди според очекувањата, напролет би требало да бидат завршени студиите и концептите за избраната варијанта. Очекувам камен-темелникот да биде поставен кон крајот на летото или на почетокот на есента во 2027 година. Со тоа, сметаме дека ќе се заокружи една целина што значително ќе ја подобри поврзаноста на жителите од овој дел на Македонија со останатите делови на државата – рече Мицкоски.

Најави и почеток на други инфраструктурни проекти во овој регион.

– Од понеделник би требало да почне реконструкцијата на патниот правец од Делчево до граничниот премин со соседна Бугарија. Успешно заврши и тендерската постапка за санација на мостот на излезот од Делчево кон Македонска Каменица и Кочани, па конечно ќе почне и неговата санација. Во фаза на реализација се повеќе проекти што ќе бидат од значење за овој крај на државата – истакна Мицкоски. 

Премиерот денеска престојува во посета на Делчево, каде што заедно со министерот за здравство Сашо Клековски и министерот за спорт Борко Ристовски изврши увид во градежните активности на Здравствениот дом „Гоце Делчев“ и на почетокот на градежните работи за реконструкција на градската спортска сала во Делчево. 

МИА

Може да ви се допадне

Кравите повторно ги кренаа граѓаните на протест: Турканица со полицијата во Крива Паланка
Сојузот на одгледувачи на овци предлага да ги чува и да се грижи за кравите од Крива Паланка
Мицкоски: Се подготвуваме за вклучување на ТЕЦ „Неготино“, ќе почне и транспортот на јаглен од Косово
Хакери упаднаа во системот за исплати на американските земјоделци
Прилепчанец лишен од слобода, вршел безправна сеча на огревни дрва
Таг:2027 годинаКочани – Виница – ДелчевоМицкоски
Претходен напис Хакери упаднаа во системот за исплати на американските земјоделци
Следен напис Мицкоски: Се подготвуваме за вклучување на ТЕЦ „Неготино“, ќе почне и транспортот на јаглен од Косово
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е платформа за модернизација и развој на агросекторот.
 

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?