Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сите тајни на хортензијата: Омилениот цвет ќе им успее на сите кои ќе ги направат овие 4 клучни работи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Сите тајни на хортензијата: Омилениот цвет ќе им успее на сите кои ќе ги направат овие 4 клучни работи
Магазин

Сите тајни на хортензијата: Омилениот цвет ќе им успее на сите кои ќе ги направат овие 4 клучни работи

Објавено 13/08/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Хортензијата привлекува внимание каде и да се посади. Како централна точка во градината, во вазна или во невестински букет, хортенизите на многумина им се омилен цвет.

Покрај тоа, и прилично лесно се одгледуваат. Сѐ што треба е да се осигурате дека растението ги добива вистинските количини вода и ѓубриво. Клучно е да се знае видот на хортензија што се одгледува. Иако ги има околу седумдесеттина, во градините најчесто се одгледуваат овие три сорти на хортензии: лазечки, мазни и многулисни.

Освен раскошните цветови, украсна вредност на хортензиите им даваат и интересните листови. Крупните цветови можат да бидат широки и плочести, како купола или целосно округли во нијанси на црвена, сина, розева или бела боја. Цветовите на видот H. macrophylla и H. paniculata можат да се исушат и како такви се одлични за украс.

Хортензиите најчесто се садат покрај ѕидовите на куќите и терасите. Најдобро успеваат на влажна почва, на осветлени или места во полусенка. Во негата спаѓа редовно залевање и прихрана со комплексно ѓубриво секоја година напролет. Се реже во пролет, а тогаш и се размножува со стеблести резници.

Цело лето и есен хортензијата дава раскошни, прекрасни цветови во вашата градина или дом. Не бара многу – ѝ треба само многу светло и вода. Иако, оваа грмушка со тркалезни цветови со бела, розева, жолта и виолетова боја подобро ќе успева во полусенка отколку на директно сонце. Во летните месеци нема да ѝ штети ниту ако ја наводнувате двапати дневно – доцна навечер и рано наутро. Најдобра вода за хортензијата е дождовница или отстоена вода.

Кога ќе настапат студените денови со ова растение пристигнато од Јапонија пред два века, треба да постапувате како со розите. Хортензиите добро ја поднесуваат зимата и нивните цветови ќе издржат температура од -10 степени. Како и розите и хортензијата е дрвенеста џбунеста билка која од студот се штити со покривање со лисја внатре во грмушката. Пред тоа грмушката се чисти од сувите, изумрени гранчиња и се сечат сувите цветови, а околу грмушката може да се стави жичена мрежа која ги придржува гранките во компактна грмушка.

Големите, згуснати кластери цветови цветаат преку цела сезона, сѐ до зимата. Повеќето видови толерираат синце, особено ако се работи за силно попладневно сонце. Цветовите ја менуваат бојата зависно од нивната старост: од кремасто бела боја одат кон црвеникава и на крајот на есента и зимата стануваат темно кафеави. Нивната боја не зависи од ПХ на земјата.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:хортензија
Претходен напис Берзите не мируваат – Паѓаат цените на компирите, што поскапува?
Следен напис Најмногу дожд наврна во Виница, најмалку во Гевгелија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?