Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Виница, 23 литри на метар квадратен, а најмалку во Гевгелија, два литра.
Како што соопшти УХМР, до 8 часот утрово се измерени и 16 литри на метар квадратен воден талог во Крива Паланка, 14 во Берово, 13 во Скопје-Петровец, 9 во Струмица, 7 во Скопје-Зајчев Рид и Демир Капија, 6 во Штип и Маврови Анови, 4 во Дебар, Дојран и Попова Шапка, како и 3 во Ѓуриште.
И утрово времето е променливо облачно, а на повеќе места, особено во северозападните и источните делови, повремено врне пороен дожд, но има и грмежи и засилен ветер.
Денеска времето ќе биде променливо облачно и свежо, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и услови за изолирана појава на град.

