Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Магазин

Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026

Објавено 02/06/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Според туристички експерти и инфлуенсери од целиот свет, пет хрватски плажи се најдоа на листата за 50 најубави плажи во Европа за 2026 година.

„Ранг-листата е објавена од страна на организацијата „50 најдобри плажи во светот“ (World’s 50 Best Beaches), составена повеќе од илјада туристички експерти и амбасадори за патувања од различни земји, напиша, напиша КликсБа.

Плажите биле оценувани според повеќе критериуми, меѓу кои зачуваноста на природата, убавината на пејзажот, квалитетот на морето, уникатноста на локацијата и целокупното искуство што им го нудат на туристите. На листата се најдоа некои од најпознатите хрватски приморски дестинации кои со години ги привлекуваат странските туристи.На прво место се најде хрватската плажа Подраче во Брела, која е меѓу 20-те најубави европски плажи. Експертите посебно го истакнале нејзиното тиркизно море, импресивните карпи и природната сенка што ја обезбедуваат боровите шуми долж брегот.

На листата е и Пашјача во Конавле-една од најпознатите скриени плажи на Јадранот. Сместена под високи карпи, во последните години таа станала една од најбараните дестинации за љубителите на недопрена природа. Меѓу избраните се наоѓа и Златни Рат на Брач-една од најпрепознатливите хрватски плажи. Нејзиниот карактеристичен облик, кој се менува под влијание на ветерот и морските струи, со години ја вбројува меѓу најфотографираните локации на Медитеранот.

На листата е вклучена и Пунта Рата во Брела, која повеќепати е прогласувана за една од најубавите плажи во светот, благодарение на исклучително чистото море и препознатливата карпа што доминира во крајбрежниот пејзаж.Последна на оваа листа е Сакарун на Дуги Оток. Оваа плажа е позната по белиот песок и плиткото, тиркизно море, поради што често се споредува со егзотични тропски дестинации.

МИА

Може да ви се допадне

Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Кох од гриз
Таг:50 најубавиЕвропахрватски плажи
Претходен напис Царинската управа го трасира патот кон ЕУ – воведена Фаза 6 на транзитниот систем што се применува во ЕУ
Следен напис Со германска поддршка во Долно Лисиче ќе се тестираат практики за земјоделство отпорно на климатски промени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?