Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Системи за наводнување кај зеленчукот – на доматите и пиперките им треба капка по капка, а на зелката дожд
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Системи за наводнување кај зеленчукот – на доматите и пиперките им треба капка по капка, а на зелката дожд
Совети

Системи за наводнување кај зеленчукот – на доматите и пиперките им треба капка по капка, а на зелката дожд

Последна измена: 06/04/2020 18:50
Сподели
5 мин. за читање
Сподели

Вкупната количина на вода во различните типови на зеленчук се движат во интервалод 85-95%, и може да се заклучи дека без интензивно наводнување посебно во лето, наможе да се постигне рентабилно производство.

Водата е од витално значење за здравјето на растенијата, а воедно е и составен дел од нивната градба и носител на многу физиолошки процеси во текот на вегетацијата. Вкупната количина на вода кај различните типовина зеленчук,се движи во интервал од 85-95%, од што може да се заклучи дека без интензивно наводнување, особено во лето, производството на заленчук неможе да биде  рентабилно.

Наводнување со систем „ капка по капка“

Системот за наводнување „капка по капка“ штеди вода која со помош на цевки се носи до секое растение и околу него навлажнува мал дел од земјата. Исто така намалени се трошоците за енергија и можноста за појава на корови и болести. Ваквиот систем е адекватен за сите типови на земја, помалку се нарушува структурата на почвата, а исто така може да се наводнува и кога има ветер.

Системот е составен од погонски дел со филтер, цевки  направени од полиетилен. Овој систем има големи трошоци за вградување, користење и одржување па затоа повеќе се препорачува кај подоходовните култури. Но сепак трошоците при работата со користење на овој систем се помали отколку кај останатите начини за наводнување и се троши помалку вода и енергија.

Можна е примена на течни ѓубрива.

Овој систем се карактеризира со капалки како место на кое се редуцира работниот притисок од цевките и во облик на капки се испушта водата во или на почвата.  Ваквиот начин на наводнување ноже да биде површински или подповршински. Кај површинскиот начин цевките и капалките се поставени над површината на почвата , а кај подповршинското тие се вкопани во почвата. Една од предностита на ваквиот начин на наводнување е можноста за примена на течни ѓубрива истовремено со наводнувањето.

Наводнување со мини распрскувачи.

Кај мини распрскувачите водата на почвата паѓа во вид на мал млаз или водена прашина.  Од наводнувањето во вид на дожд  се разликува по тоа што системот работи под помал притисок од 1.0 до 2.5 бари и по тоа што се наводнува само дел од површината  каде што се разива главната маса на коренот. Направени се од пластика, едноставно се монтираат, а на крајот од вегетацијата можат да се  спакуваат и да се користат следната сезона. Добро поставеноит систем едвај може да се види.

Правилното монтирање е клучно 

Со одбирање на распрскувачите се одредува дометот и количината на вода,  а најважно е да се обезбеди сигурен извор на вода  и соодветна пумпа. При поставувањето млазот треба да се преклопува со што ќе се осигура рамномерна покриеност и интензитет.

 Пазарот нуди повеќе типови на распрскувачи и различни конструкции. Тие можат да наводнуваат цел круг околу растениети или само дел од него.

Наводнување по принципот на дожд

Ваквиот систем зема вода од извор, ја спроведува преку цевки и на крајот преку распрскувачи ја распрскува водата во вид на природен дожд. Системот може да биде пренослив, статичен или полустатичен.

За примена на ваквиот систем потребно е правилно да се одберат распрскувачите. За наводнување на градинарски култури најповолно е наводнувањето во вид на слаб дожд  па затоа и распрскувачите треба да бидат со мал интензитет и  домет.

На доматите и пиперките  им треба наводнување со капки, а на зелката со дожд.

Културите као што се домати, пиперки, и патлиџани најдобро е да се наводнуваат со системот капка по капка, бидејќи имаат потреба од поголема количина на вода во почвата и не се воденат надземните делови , помла е количината на влага во воздухот со што се спречува развој на разни болести. Зелката, зелената салата и краставиците бараат влага во воздухот па се препорачува наводнување по принципот на дожд.

Извор:Агроклуб

Може да ви се допадне

Супер трик кој ќе ве воодушеви: Како на хортензиите да им ја смените бојата?
(ВИДЕО) Прихрана и заштита со МЛЕКО: Нема да ги препознаете краставиците и доматитe, оваа мешавина е како ракетно гориво за раст
Како да одгледувате зеленчук на балкон
Еве кога се откинуваат првите лисја кај доматите
Како да ги одржувате розите здрави?
Таг:Видови на наводнувањеРаспркувачиСистем за наводнувањеСистем капкапо капка
Претходен напис АХВ: Да се избегнува користење на апарати за кафе и за вода
Следен напис АХВ: Процедури за постапување во синџирот на утовар/растовар и превоз на стока во меѓународниот и внатрешниот превоз
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?