Вкупната количина на вода во различните типови на зеленчук се движат во интервалот од 85-95%, и може да се заклучи дека без интензивно наводнување посебно во лето, не може да се постигне рентабилно производство.
Водата е од витално значење за здравјето на растенијата, а воедно е и составен дел од нивната градба и носител на многу физиолошки процеси во текот на вегетацијата. Вкупната количина на вода кај различните типовина зеленчук се движи во интервал од 85-95%, од што може да се заклучи дека без интензивно наводнување, особено во лето, производството на заленчук неможе да биде рентабилно.
Наводнување со систем „ капка по капка“
Системот за наводнување „капка по капка“ штеди вода која со помош на цевки се носи до секое растение и околу него навлажнува мал дел од земјата. Исто така намалени се трошоците за енергија и можноста за појава на корови и болести. Ваквиот систем е адекватен за сите типови на земја, помалку се нарушува структурата на почвата, а исто така може да се наводнува и кога има ветер.
Системот е составен од погонски дел со филтер, цевки направени од полиетилен. Овој систем има големи трошоци за вградување, користење и одржување па затоа повеќе се препорачува кај подоходовните култури. Но сепак трошоците при работата со користење на овој систем се помали отколку кај останатите начини за наводнување и се троши помалку вода и енергија.
Можна е примена на течни ѓубрива.
Овој систем се карактеризира со капалки како место на кое се редуцира работниот притисок од цевките и во облик на капки се испушта водата во или на почвата. Ваквиот начин на наводнување ноже да биде површински или подповршински. Кај површинскиот начин цевките и капалките се поставени над површината на почвата , а кај подповршинското тие се вкопани во почвата. Една од предностита на ваквиот начин на наводнување е можноста за примена на течни ѓубрива истовремено со наводнувањето.
Наводнување со мини распрскувачи.
Кај мини распрскувачите водата на почвата паѓа во вид на мал млаз или водена прашина. Од наводнувањето во вид на дожд се разликува по тоа што системот работи под помал притисок од 1.0 до 2.5 бари и по тоа што се наводнува само дел од површината каде што се разива главната маса на коренот. Направени се од пластика, едноставно се монтираат, а на крајот од вегетацијата можат да се спакуваат и да се користат следната сезона. Добро поставеноит систем едвај може да се види.
Правилното монтирање е клучно
Со одбирање на распрскувачите се одредува дометот и количината на вода, а најважно е да се обезбеди сигурен извор на вода и соодветна пумпа. При поставувањето млазот треба да се преклопува со што ќе се осигура рамномерна покриеност и интензитет.
Пазарот нуди повеќе типови на распрскувачи и различни конструкции. Тие можат да наводнуваат цел круг околу растениети или само дел од него.
Наводнување по принципот на дожд
Ваквиот систем зема вода од извор, ја спроведува преку цевки и на крајот преку распрскувачи ја распрскува водата во вид на природен дожд. Системот може да биде пренослив, статичен или полустатичен.
За примена на ваквиот систем потребно е правилно да се одберат распрскувачите. За наводнување на градинарски култури најповолно е наводнувањето во вид на слаб дожд па затоа и распрскувачите треба да бидат со мал интензитет и домет.
На доматите и пиперките им треба наводнување со капки, а на зелката со дожд.
Културите као што се домати, пиперки, и патлиџани најдобро е да се наводнуваат со системот капка по капка, бидејќи имаат потреба од поголема количина на вода во почвата и не се воденат надземните делови , помла е количината на влага во воздухот со што се спречува развој на разни болести. Зелката, зелената салата и краставиците бараат влага во воздухот па се препорачува наводнување по принципот на дожд.
Извор:Агроклуб