Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Домати полнети со зеленчук и кускус
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Домати полнети со зеленчук и кускус
Магазин

Домати полнети со зеленчук и кускус

Објавено 07/07/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Лесни, сочни и вкусни…

         Состојки:

  • 8 големи домати
  • 1 праз
  • 150 грама шампињони
  • 200 грама брокула
  • 2 чешниња лук
  • 3 свежи листови босилек
  • 100 грама кускус
  • 150 мл вода
  • 1 лажица масло и малку путер (за кускусот)
  •  сол, бибер, сув зеленчук
  • 3 лажици пармезан

Подготовка:

Измијте ги доматите, исечете им ги врвовите (капачињата) и издлабете ја внатрешноста. Исцедете ја издлабената средина, исецкајте ја и оставете ја настрана. Брокулата искинете ја на мали цветчиња и кратко обарете ја во зовриена солена вода. Исплакнете ги со ладна вода, исцедете ги, а потоа исецкајте ја на ситни коцки. Пресечете го празот по должина и исецкајте го на тенки парчиња. Исчистете ги печурките и исецкајте ги.

Прво пропржете го празот на малку маслиново масло, потоа додадете ги печурките, посолете и пржете додека малку не омекнат. Додадете ги брокулите и ситно сецканиот лук; пржете кратко, додавајќи малку вода доколку е потребно. На крајот, додадете ја средината на доматите, босилекот и зачините. Пржете додека не испари целата течност.

За да го подготвите кускусот, зовријте вода во тенџере со една лажица масло и малку сол. Тргнете го тенџерето од оган и додадете го кускусот со постојано мешање. Покријте го и оставете го да отстои 4–5 минути за да набабри, а потоа додадете мало парче путер и добро измешајте. Подготвениот кускус измешајте го со зеленчукот. Додадете го пармезанот и добро измешајте за да добиете хомогена смеса.

Наполнете ги доматите до врвот со подготвената смеса и ставете го капачето од доматот, а потоа наредете ги во подмачкан плех за печење. Покријте ги доматите со алуминиумска фолија и печете на 190–200°C околу 15 минути, потоа извадете ја фолијата и печете уште 5 минути. Послужете ги полнетите домати како главно јадење со сезонска салата или како топло предјадење.

Пријатно јадење! 

МИА

Може да ви се допадне

Крофни од рерна
Пченкарен ослич
Ладна салата со тестенини и пилешко
Полнет модар патлиџан со зеленчук
Дигитална платформа на ИНОФЕИТ ЕДИХ им помага на компаниите да ги следат свежото овошје и зеленчук од парцела до купувач
Таг:доматизеленчуккускусПолнети
Претходен напис Продолжен рокот за државна поддршка и можност за граѓаните до 30.000 денари за приклучок или котел на гас
Следен напис Скопјани прават најмногу отпад: Македонското „малку ѓубре“ е сепак голем проблем
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?