Мерка 1 – ИНВЕСТИЦИИ ВО ОСНОВНИ СРЕДСТВА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ СТОПАНСТВА
Сектор за растително производство: (3) градинарски култури
КОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ КОРИСНИК
1. Земјоделско стопанство:
- Физичко лице (носител на семејно земјоделско стопанство),
- Семејното земјоделско стопанство,
- Индивидуален земјоделец – ИЗ,
- Земјоделско стопанство преставувано од правно лице.
- Трговско друштво во приватна сопственост со примарна дејност земјоделство запишано во ЕРЗС
МИНИМАЛНИ ПРОИЗВОДНИ КАПАЦИТЕТИ СО КОИ ТРЕБА ДА РАСПОЛАГА БАРАТЕЛОТ
- најмалку 1 ха земјоделско земјиште во случај на инвестиции за одгледување на повеќегодишни растенија (култури), производство на зеленчук на отворено, полјоделство, индустриски култури и производство на сточна храна.
- најмалку 2 ха (од кои 1ха под иста култура) во случај на инвестиции во ТРАКТОРИ и земјоделска механизација.
ВИСИНА НА ПОДДРШКАТА
- Минималниот вкупен прифатлив трошок за инвестицискиот проект изнесува 20.000 евра.
- Максималната вкупна финансиска поддршка што треба да се додели на поединечен проект според оваа мерка е 60% или не повеќе од 750,000 евра. Висината на финансиската поддршка ќе се зголеми до:
- 70% за инвестиции во земјоделски стопанства реализираани од страна на млади земјоделци;
- 65% за инвестиции во земјоделски стопанства во планинските области.
- Максималната вкупна финансиска поддршка што треба да се додели на еден примател според оваа мерка е 1.500.000 евра за целиот период на спроведување на Програмата.
- Максималната финансиска поддршка што треба да се додели на новоформирани правни изнесува 100,000 евра.
- Процентот на кофинансирање ќе се зголеми за 10% за делот од инвестицијата кој се однесува на:
- Инвестиции во објекти/опрема за производство на енергија од други обновливи извори на енергија за задоволување на сопствените потреби за енергија на земјоделското стопанство;
- Инвестиции во објекти/опрема за третман на отпадни води/канализација
- Инвестиции во модерни агротехнолошки решенија
- Види Детална листа на прифатливи трошоци за мерка 1
- Изградба на складиште (магацински простор)
- Изградба или реконструкција на објекти и друг недвижен имот за земјоделско производство (оранжерии и/или стакленици и расадници и објекти за пост-бербени активности итн.), помошни објекти вклучувајќи ги и оние што се користат за сместување на земјоделските машини и опрема, заштита при работа на работниците во земјоделството, заштита на животната средина (на пример, септички јами, складишта за биомаса, недвижен имот за третирање на вода/канализација, објекти за заштитни средства на растителното производство и складирање на вештачки ѓубрива), како и потребната опрема;
- Види Детална листа на прифатливи трошоци за мерка 1
- Систем за наводнување
- Инвестиции во објекти за наводнување на фарма и опрема (вклучително и нови резервоари, танкови, цевки, системи за наводнување – капка по капка, фертиригација, системи за наводнување со пареа и подземно наводнување, инсталации за распрскување, пумпни станици и сл.);
- Сертификација за органско производство
- Види Детална листа на прифатливи трошоци за мерка 1
Детална листа на прифатливи трошоци за мерка 1 | ||
Бр. | Прифатливи трошоци | Опис |
1 | Набавка на нова земјоделска опрема и механизација за растително производство: – Трактори со максимална моќност врз основа на обемот и природата на дејноста (види Прилог 1 од Листата на прифатливи трошоци), мотокултиватори и приклучна механизација; – опрема и механизација за подготвителни активности при обработка на земјата; – садење; – наводнување, одводнување и одгледување на земјоделски култури; – опрема за берба (исклучувајќи комбајни); – опрема за контрола и заштита. | Трактори, мотокултиватори, фрези, плугови, ротофрези, ротобрани, дискови брани, редосеалки, ѓубрерастурачи за минерални ѓубрива, депозитори за семе и ѓубриво, култиватори, расадосадачки, опрема за рамнење, дупчалки за садење, кримлери/ сетвоспремачи. Ѓубрерастурачи за арско ѓубре, прскалки, атомизери, опрема за систем за наводнување (капка по капка, подземно наводнување, микропрскалки, наводнување со оросување или комбинација од нив (пумпи за вода, базени, танкови, резервоари, филтри, опрема за дистрибуција на вода, опрема за ферт-иригација, опрема за автоматско дозирање на вода за наводнување), кроење, чистачи на плевел. Косилки, сенопревртувачи, сенобалирачка, косачки за фураж, копач, компировадачка, машини за грубо рамнење / чистење на почва, сортирачка, калибратор. Опрема за транспорт на овошје и зеленчук (бокс палети, пластични контејнери, освен гајби кои не се за повеќекратна употреба) Опрема за мерење на внатрешна и надворешна температура, влажност на почва и воздух, опрема за анализа на почва и стерилизација. Заштитни мрежи и покривки, опрема за заштита од птици, опрема за заштита од гром и опрема за заштита од измрзнување. Противградобијна опрема, опрема за расадување, складирање и манипулација на саден материјал. Опрема за подготвување и мешање на ѓубрива, супстрати, производи за заштита на растенијата итн. |
Прифатливи трошоци кои се однесуваат на сите приоритетни сектори | ||
Бр. | Прифатливи трошоци | Опис |
2 | Градежни материјали и елементи за изградба на нови објекти или реконструкција и адаптација на постоечки објекти (згради и инфраструктура за целосно функционален капацитет), како и пластеници/стакленици, без почвено одгледување и други иновативни системи на производство. – За инсталација на соодветната опрема; – достигнување на стандарди за заштита на животната средина; – обезбедување на хигиенски и санитарни услови; – обезбедување на административен простор; – помошни простории (за складирање, гаражи, итн.); – обезбедување на пристап на фарма, уредување и оградување; – постбербени активности, преработка на фарма и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство. | Сите материјали кои се користат за изградба на подови, ѕидови и тавански површини, како и сите премази и сврзни смеси кои се користат во капацитети за примарно земјоделско и рибно производство за преработка и директен маркетинг сопствени земјоделски и рибни производи на ниво на земјоделско стопанство, капацитети за складирање на инпути и финални производи, капацитети за производство на енергија од обновливи извори за сопствено производство, како и административни објекти, лабораториски и санитарни уредувања и инфраструктура кои се однесуваат на производните активности се прифатливи за поддршка. Облоги за ѕид, таван и под, ѕидни и тавански панели, цевки, врати, прозорци, системи за греење и вентилација (климатизација и воздушно прочистување), одвод, канализација, третман на отпад и системи за валоризација на отпад, Елементи за конструкција за водовод и електрична енергија (вклучувајќи генератори) вклучувајќи практики за заштеда на енергија и користење на обновливи енергии и инсталација за електрична енергија, доводен и канализационем систем, пумпна станица, артеска бушотина и бунар Столбови направени од дрво, челик, бетон или друг материјал, сидра за заземјување на инсталацијата и ремените, поцинкован челик, жица, рамки изработени од метал, пластични облоги. Градежни материјали/компоненти за пластеници/стакленици и/или безпочвено одгледување (пластична фолија или панели, треба да бидат за повеќегодишно користење со минимум 200μm). Градежни материјали/компоненти за пристапни патишта и воспоставување на патна мрежа, уредување и оградување на простор. |
3 | Набавка на опрема за пост- бербени активности, преработки на фарма и директен маркетинг на фарма за сопствено производство: – Овошје и зеленчук вклучувајќи и компири | класирање, ладење, отстранување на оштетени плодови, детектирање на метал и стакло или другицврсти материјали. Опрема за пред ладење, ладење и замрзнување. Опрема за сечење, мелење и подготовка за преработка. Опрема за де-аерација, сепарација. Резервоари, танкови, Опрема за конзервирање, сушење, дехидрација, замрзнување. Опрема за полнење, пакување и етикетирање. Опрема за манипулација, товарање и растоварање, виљушкари, подвижни ленти и опрема за мерење на тежина. Опрема за следење на квалитет, контрола и систем за следливост на прием, складирање и дистрибуција. Опрема за третман на отпад, валоризација, манипулација и складирање. |
4 | Набавка на опрема за производство на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка | Опрема за производство на енерегија преку: • Преработка на растителна биомаса за производство на биогас и/или биогорива. • Сончева енергија, • Ветерници, • Геотермална енергија итн. |
5 | Работи и услуги | Сите потребни работи и услуги поврзани со реализацијата на инвестициониот проект: • Уривање и демонтирање, • Подговотка на теренот, • Градежни работи, • Реконструкција, • Занаетчиски работи, • Инсталациски работи, • Транспорт и монтажа, • Подготовка на земјиштетото и пристапни патишта, • Садење и расадување. |
6 | Набавка на специјализирани транспортни резервоари и приколки за суровини и готов производ | Земјоделски приколки, разладни резервоари, приколки за превоз на живи животни и живина, транспорт на ѓубриво, опрема за транспорт на биомаса, опрема за транспорт на овошје и зеленчук (бокс палети, пластични контејнери, освен гајби кои не се за повеќекратна употреба) итн. (поврзани само со прифатливите производни активности). |
7 | Компјутерска опрема | Компјутерска опрема и софтвер, вклучувајќи и сензори и видео надзор (поврзани со прифатливата опрема и производни активности). |
8 | Општи трошоци | Подготовка на техничката документација, градежни планови и помошни студии, пресметка на трошоци, анализи, пазарни анализи, подготовка на оцена на животната средина, управување со проекти • Архитекти, • Инженери, • Консултанти итн. Стекнување со патентни права и лиценци, Системи за управување: • ISO • HACCAP • GAP (Добра земјоделска пракса) • GMP (Добри производствени практики) Јавни и информативни материјали • Билборди, • Плакети, • Налепници |
Прилог 1 кон Деталната листа на прифатливи трошоци
КАПАЦИТЕТ НА МОЌ НА ТРАКТОР ПО СЕКТОР И ГОЛЕМИНА/ПРОИЗВОДЕН КАПАЦИТЕТ | ||
ТИП НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ПРОИЗВОДСТВО | ГОЛЕМИНА (ha) | ГОРНА ГРАНИЦА ЗА МОЌНОСТ (kW) |
Овошје и лозје | 1-10 | 60 |
10-50 | 80 | |
над 50* | 100 | |
Зеленчук | 0,3-1 | 40 |
1-10 | 60 | |
10-50 | 80 | |
над 50* | 120 | |
Житни и индустриски култури | 1-10 | 80 |
10-50 | 110 | |
над 50* | 150 |
Напомена:
- Еден корисник може да набави еден трактор
- (*) Еден корисник може да набави еден или два трактори со максимална вкупна пропишана големина на KW,
- прифатливи се набавки на трактори кои исполнуваат ЕУ стандарди кои се однесуваат на заштита на животната средина, особено во однос на границите на емисиите на гасови и загадувачки честички.