Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Синдикалната минимална кошничка во април 38.104 денари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Синдикалната минимална кошничка во април 38.104 денари
Агровести

Синдикалната минимална кошничка во април 38.104 денари

Објавено 10/05/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вредноста на Синдикалната минимална кошничка за четиричлено семејство за април годинава изнесува 38.104 денари и е зголемена за 1.337 денари, односно за 3,63 проценти во однос на претходниот месец, покажуваат податоците на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Најмногу пари или 16.458 денари (43,19 проценти) во април биле потребни за храна и пијалаци, по што следат трошоците за домување 11.627 денари (30,52 проценти), па за хигиена 2.672,88 денари или 6,90 отсто.

Според пресметките на ССМ, за превоз на едно четиричлено семејство потребни му биле 3.367,06 денари или 8,84 проценти, за облека и обувки 2.176,03 или 5,71 отсто, за култура 1 067,86 денари или 2,80, додека за одржување на здравје, претходниот месец им биле потребни 778,47 денари или 2,04 проценти.

– Од месец во месец, драстично се зголемуваат трошоците за живот на едно четиричлено семејно домаќинство, а платите не го следат истиот раст по зголемувањето на минималната плата во март 2022 година. Од претходниот месец март 2022 година кога Синдикалната минимална кошница која ја пресметува ССМ изнесуваше 36.767, истата е зголемена за 1.337 денари односно за 3,63 проценти, а од јануари 2022, кога Синдикалната минимална кошничка изнесуваше 35.811 денари е зголемена за 2 293 денари односно 6.40 отсто, велат од ССМ.

Според податоците на Синдикатот, за само една година или од претходната 2021 година истиот месец април кога синдикалната минимална кошница изнесувала 33.976 денари, истата е зголемена за 4.128 денари, односно 12,14 проценти. Најголемо зголемување е забележано во исхраната и пијалаци и кај превозот.

– Сојузот на синдикатите на Македонија со право бара зголемување на платите на сите вработени како во јавниот така и во приватниот сектор и покрај евидентните противења на одредени субјекти кои се против зголемување на платите на работниците, а на протестот на 1 мај, 7500 работници на улица заедно со ССМ јасно упатија пораката дека зголемените плати им се потребни веднаш, посочија од ССМ, пренесува МИА.

Тие очекуваат оваа пресметка на синдикалната минимална кошница, како и зголемувањето на трошоците за живот да бидат будење за сите работодавци, локалната и централната власт и како што додаваат „веднаш да пристапат кон зголемување на платите на работниците согласно порастот на минималната плата и да ги зголемат платите за најмалку 2806 денари во нето на секој работник”.

Може да ви се допадне

Дивиот приклучок не се наоѓал во санитарните зони, туку на околу 800 до 900 метри од последната точка опфатена со дозволата
Димитриеска-Кочоска: Во услови на глобална неизвесност ребалансот ги засилува капиталните инвестиции и го поддржува економскиот раст
Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане
Засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај во Охрид по повод посетата на индиската претседателка
Силно невреме го погоди Стар Дојран, десетици дрвја на повеќе локации оштетија настрешници, возила, покрив и опрема на плажите
Таг:синдикална кошничка
Претходен напис МЗШВ: Потсетување до сите жени земјоделки дека во тек е јавниот повик за Рурална жена, ги повикуваме земјоделките да аплицираат и да ја искористат поддршката
Следен напис Централната лабораторија за животна средина ја прошири акредитацијата со 5 нови методи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?