Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ: Потсетување до сите жени земјоделки дека во тек е јавниот повик за Рурална жена, ги повикуваме земјоделките да аплицираат и да ја искористат поддршката
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > МЗШВ: Потсетување до сите жени земјоделки дека во тек е јавниот повик за Рурална жена, ги повикуваме земјоделките да аплицираат и да ја искористат поддршката
Јавни огласи и повициРурален Развој

МЗШВ: Потсетување до сите жени земјоделки дека во тек е јавниот повик за Рурална жена, ги повикуваме земјоделките да аплицираат и да ја искористат поддршката

Објавено 10/05/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство неодамна објави јавен повик за мерката 115 „Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство“ популарно наречена мерка „Рурална жена“.

Ги потсетуваме сите жени земјоделки дека јавниот повик е во тек и истиот ќе трае до 20.05.2022. Има доволно време за сите заинтересирани да аплицираат на повикот и да ги искористат средствата од мерката кои од оваа година се двојно поголеми, па така грантот сега е зголемен од 3000 на 6000 евра неповратни средства, по корисник. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.

Право на користење на средства имаат сите земјоделски стопанства чиј носител е жена, запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој. Средствата се наменети за инвестиции во набавка на опрема за преработка и/или доработка на примарни земјоделски производи и инвестиции во набавка на услуги за спроведување на деловниот план на инвестицијата. Од сопственото земјоделско производство жените можат да развијат широк спектар на призводи со додадена вредност, како што се маџун, сирења, кашкавали, пчеларски производи, мармалади, слатка, ајвар и други производи.

Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk. Еден барател може да поднесе само едно барање за оваа мерка.

Земјоделските стопанства кои се корисници на ИПАРД програмата за истиот тип на инвестиција (градба, опрема и услуги) и земјоделските стопанства кои се претходни корисници на мерката, не можат да бидат корисници на финансиска поддршка на истата мерката.

Доколку намената на инвестицијата согласно одобрениот деловен план предвидува преработка на земјоделски производи, корисниците на оваа мерка треба да ја евидентираат дејноста во Агенцијата за храна и ветеринарство по реализација на инвестицијата. Барателите на финансиска поддршка потребно е да креираат електронско барање за финансиска поддршка со податоци за локација на инвестицијата, податоци за инвестицијата и електронски да ги прикачат потребните документи предвидени за мерка 115.

Електронски пополнетото барање за финансиска поддршка потребно е да се превземе, испринта и потпише и заедно со целокупната пропратна документација да се достави до Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во затворен коверт на кој на предната страна во горниот лев агол стои Барање за финансиска поддршка и Архивски број на Барањето (0222-11516-ХХХХ/1). Барањето може да се достави по препорачана пошта или лично во писарницата на Агенцијата.

За сите подетални информации земјоделките може да се јават на телефонскиот број на Платежната агенција, тел. (02)3097-460 или на е-маил адреса: [email protected] и на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk. За сите заинтересирани овозможена е и поддршката од Подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Ги повикуваме жените земјоделки максимално да ја искористат поддршката и да аплицираат. За потсетување на минатиот повик аплицираа 250 жени и сите се добитници на грант. Ефектите кои се постигнаа со оваа мерка, се развиени мали семејни бизниси и нови производи на пазарот.

Уште еднаш потсетуваме дека крајниот рок за доставување на барањата е 20.05.2022 година.

Може да ви се допадне

Објавени пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари
Која е разликата меѓу Јавен ОГЛАС и Јавен ПОВИК за земјa
ЈАВЕН ПОВИК 05/26: Гази Баба, Ресен, Кавадарци, Росоман и Чаир
ЈАВЕН ПОВИК 04/26: Теарце, Дебар, Македонски Брод, Демир Хисар, Крушево, Кисела Вода, Делчево, Берово, Пехчево и Велес
ЈАВЕН ПОВИК БР.03/26: Крива Паланка, Кочани, Виница, Кратово, Пробиштип, Куманово и Свети Николе
Претходен напис Полните силоси со жито во Одеса заглавени поради руската блокада, ЕУ предупредува дека се заканува глобален недостиг на храна
Следен напис Синдикалната минимална кошничка во април 38.104 денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?