И покрај големиот број современи формулации на ѓубрива кои се прилагодени на видот, развојната фаза, времето на употреба и системот на агротехнички мерки, во нив многу често се јавуваат недостатоци на одредени хранливи елементи.
До ова најчесто доаѓа поради грешки при одредување на потребната количина и концентрација на хранливи елементи. Симптомите за недостаток на поедини хранливи елементи кај растенијата најчесто се специфични за растителниот вид и можат да послужат за ориентација за побрзо делување за да се задоволат потребите на растенијата за ѓубрива. Во овој текст ќе ги опишеме симптомите за недостаток и вишок на цинкот како хранлив елемент.
Кај растенијата цинкот во голема мера се насобира во коренот и младите листови. Од градинарските растенија на недостаток на цинк најчувствителни се лукот и доматот. Грашокот и коренестиот зеленчук се толерантни на недостаток на цинк. Најтипични морфолошки знаци на недостаток на цинк се оние кои се предизвикани со недоволна количина на ауксин, пред сè – мали, тесни, ситни листови, скратени интернодии и формирање на розета.
Покрај тоа, на листовите се забележуваат хлоротични дамки и некроза. При недостаток на цинк се намалува интензитетот на фотосинтеза, што е веројатно една од повторните причини за опаѓање на продуктивноста и приносот на растенијата. Во природата ретко се јавува вишок на цинк, а големата концентрација на цинк, како всушност и други тешки метали, доведува до токсично дејство на растението.
Вишокот на цинк предизвикува морфолошки и физиолошки промени на растението, кое е со понизок раст, со слабо развиен корененов систем и поситни листови. На листовите се јавуваат темноцрвени дамки, а на работ некроза. Доколку содржината на цинк во растенијата достигне токсично ниво, растенијата брзо пропаѓаат.
Со калцификација и примена на поголема доза фосфорни ѓубрива, можно е да се намали натрупувањето на цинкот во растенијата и на тој начин да се отстрани штетното дејство.
Извор: agrosavjet.com