До средината на оваа недела беше забележан пад на цените на житарките. Во четвртокот наутро MATIF стартуваше со 254 евра за тон пченица, додека во текот на денот цената падна на 249,75 евра/т.
Цените веќе почнаа да паѓаат во средата по најавата дека Црноморскиот коридор повторно ќе се отвори и бродовите ќе продолжат со транспорт на украинско жито. Продолжија инспекциите на бродовите кои беа запрени. Три брода го продолжија своето патување. Првиот натоварен со пченица со 69.000 тони за Турција, вториот со 28.000 тони за Либија и третиот со 27.000 тони за Шпанија.
На падот на цените влијаеше и веста за пуштање на натамошен транспорт преку европските земји, пред се Полска.
Цената на пченката падна на 244 евра/тон. Од Кина пристигнуваат вести за дополнителни површини наменети за сеидба на пченка. Падна и цената на маслодајната репка. За тон требаше да се издвојат 462,25 евра. Ова главно се должи на падот на цената на суровата нафта и растителните масла. Во Канада доцни сеидбата на маслодајната репка, што сигурно ќе се одрази на цените.
На чикашката CBoT, цената на мајските договори за пченица падна на 228,65 евра/тон. Пченката имаше поблаг пад и изнесуваше 241,61 евра/т. Цената на сојата беше 505,25 евра/тон. Поради сушата, повторно е ревидирана прогнозата за родот во Аргентина. Годинешниот принос се очекува да биде 1,8 милиони тони, што е намалување во однос на 2,76 милиони тони од минатата година. Резултатите од жетвата се приближуваат до најнискиот принос од 1,63 тони/хектар во 1988-89 година сезона.
