Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Што треба да знаете доколку сакате да подигнете пластеник
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Што треба да знаете доколку сакате да подигнете пластеник
Совети

Што треба да знаете доколку сакате да подигнете пластеник

Објавено 04/12/2024
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Многу домаќинства кои имаат своја градина во некој момент доаѓаат на идеја да подигнат пластеник.

Во суштина оваа идеја и не ви е нималку лоша или напротив – благодарение на пластеникот можете да уживате во омилените домашни производи преку цела година, независно од временските случувања надвор.

Сепак , за добар пластеник не е важно да се избере само добар најлон за пластеник, туку овде има уште неколку важни прашања и теми за размислување за кои треба да се води сметка.

Да почнеме со ред:

Колкав треба да биде пластеникот?

Одговорот на ова прашање ќе зависи од домаќинство до домаќинство, односно, одговорот на ова прашање најпрво ќе го знаете вие. Големината на пластеникот ќе зависи од површината на земјиштето со кое располагате а секогаш се советува површината на земјиштето да биде многу поголема од површината на пластеникот за да се остави простор за евентуални проширувања на самиот пластеник.

Доколку имате на располагање поголема површина на земјиште , веќе на самиот почеток можете да го испланирате секој нареден чекор, па дури и проширување на на пластеничкото производство кое ќе дој е нешто подоцна, лесно можете да испланирате и да ги вклопите сите системи на инфраструктура, нивната положба и слично.

Не е задолжително после некое време да ја зголемите површината на својот пластеник бидејќи тоа зависи од вашите желби, потреби но и финансии, меѓутоа праксата покажува дека сокоро секој кој подигнал пластеник после извесен период истиот го проширил.

Ако и понатаму ве интересира оптималната површина на пластеникот,пресметката е следна: за пластеници кои се користат како семеен бизнис а во кој се ангажирани сите членови на семејството без ангажирање на работници од страна,оптималната површина би била 4000 метри квадратни.

Доколку пак пластеникот го користите не само за ваши лични потреби туку и за настап на пазарите со квалитет кој одговара, квантитет и континуитет, ќе ви биде потребна површина од најмалку 50.000 метри квадратни.

Кога станува збор за трошоците при поставуавње на пластеник , инфраструктурата за површина од 5 ха е иста како за површина од 1 ха ,така да трошоците за изградба по метар квадратен се многу помали кај поголемите објекти.

Која е пропратната инфраструктура?

Како што рековме пластеникот не го сочинуваат само најлоноти неколкуте столбчиња. Овде има уште многу ситници за кои треба да се води сметка за добро да функционира целокупнито систем. Важно е да постои водовод или бунар со вода бидејќи наводувањето за секој пластеник е клучно како и постоење на извор за електрична енергија.

Околу самиот пластеник е потребно да се осмисли и да се спроведе мрежа на патишта и тоа „валкани “ патишта за влез на суровината како и „чисти“ патишта за излез на готовиот производ.

Ова е од исклучителна важност доколку произведувате на големо и неопходно е да ги испочитувате процедурите на производство за здрава и исправна храна. Поентата е патиштата да бидат така поставени да може да му се приоѓа од сите страни.

Исто така е важна уште една работа – околу пластеникот е пожелно да се постават одредени јами или канали во кои ќе се собира водата од атмосферските врнежи. Оваа вода претставува најквалитетна вода за наводнување а за таа да се собира, каналите и јамите мораат да бидат обложени со фолија.

На површината која е предвидена за подигање на пластеник мора да се предвиди и место за трафостаница , агрегат, котларница а притоа да се води сметка ниеден од овие елементи да не смета на самиот пластеник.

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Таг:пластеникподигнувањесовет
Претходен напис Поважни контакти од Платежна агенција
Следен напис Лозовиот насад потребно е да се одржува и во фаза на мирување на виновата лоза
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?