Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Потпишан меморандум за соработка меѓу ВВ „Тиквеш“ и „Факултет за земјоделски науки и храна“ во состав на УКИМ во Скопје
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Потпишан меморандум за соработка меѓу ВВ „Тиквеш“ и „Факултет за земјоделски науки и храна“ во состав на УКИМ во Скопје
Агровести

Потпишан меморандум за соработка меѓу ВВ „Тиквеш“ и „Факултет за земјоделски науки и храна“ во состав на УКИМ во Скопје

Објавено 16/07/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ефективна размена на научни и стручни практики и знаења во областа на лозарството и винарството и стручна пракса за студентите и експертите се дел од главните придобивки од потпишувањето на Меморандум за соработка меѓу Винарска визба „Тиквеш“ и Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје.

Во Меморандумот се дефинирани сите области на соработка меѓу факултетот и винарницата, којаќе придонесе за понатамошен развој на оваа значајна земјоделска гранка во земјава, преку симбиоза меѓу науката и современите светски практики.

„За нас во Тиквеш оваа соработка е од големо значење, затоа што ни овозможува да го ползуваме експертскиот капацитет на водечката научна и стручна институција од областа на земјоделството во нашата земја. Дополнително, ни отвора и можност за реализација на научно-истражувачки проекти кои ќе придонесат за понатамошен стручен развој на нашите вработени, но и на целокупниот процес на производство. Истовремено, ќе можеме да учествувамево формирањето на идните експерти во областа, кои во следните години ќе продолжат да ја развиваат нашата гранка и индустрија, унапредувајќи ги уникатните предности на македонското лозарство и винарство“, рече Радош Вукиќевиќ, генерален директор на ВВ „Тиквеш“.

За Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, идната соработка со ВВ „Тиквеш“ носи бројни придобивки, особено во понатамошниот развој на образовниот процес и неговото приспособување кон потребите на винарската индустрија.

„Од огромно значење еформализирање на соработката со нашата најголема и најуспешна винарница, која покажа вистинска општествена одговорност ставајќи ги своите капацитети и огромно искуство на располагање пред сѐ за нашите студенти, но и за наставниот кадар, и за нивното стручно унапредување и образование.Реализацијата на практична настава за студентите од една страна, како и гостувањето на стручњаци наТиквеш во наставниот процес од друга страна, ќе бидат од исклучително значење за образувањето на иден стручен кадар на нашиот факултет“, изјави деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна, проф. д-р Вјекослав Танасковиќ.

Меморандумот ја дефинира заедничката соработка и во реализацијата на стручни и научни собири, работилници и летни школи, како размена на информации од одржани саеми, форуми и бизнис-настани.

Инаку, „Тиквеш“ во изминатиов период склучи договори за соработка и со средното техничко училиште и со средното земјоделско училиште, и двете од Кавадарци, со кои се регулира практичната настава во винарницата и стипендирањето на учениците со најдобар постигнат успех.

Може да ви се допадне

Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Таг:соработкафакултет
Претходен напис Боровинка за спас на домашниот буџет, полека но сигурно го пробива патот кон тронот за најдобро шумско овошје
Следен напис Што ќе биде со сојата?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?