Минатата недела францускиот министер за земјоделство Дидиер Гиом ги повика граѓаните на т.н. прехрамбен или земјоделски патриотизам. Поточно ги повика да купуваат француски јагоди и домати, а не шпански, иако тие се поевтини. Сега веќе станува збор за прехрамбен национализам.
Прехрамбен национализам – терминот е поттикнат од пандемијата на корона вирусот. Најпрво со него беа опишани политиките на Романија, Русија, Украина и Казахстан, кои воведоа ограничувања на извозот на жито за да се заштити домашниот пазар.
Но, сега се применува и за политиките на оние влади кои им кажуваат на граѓаните да купуваат локални производи, за да ги заштитат домашни производители и со тоа ја поттикнуваат нелојалната конкуренција.
Имено, минатата недела францускиот министер за земјоделство Дидиер Гијом ги повика граѓаните за храна, на прехрмбен, односно земјоделски патриотизам. Поточно ги повика да купуваат француски јагоди и домати, а не шпански, иако тие се поевтини.
Во тој поглед, некои земји отидоа и подалеку.
Полска ги посочи преработувачите на млеко кои увезувале суровини
Полската влада посрамоти 15 домашни преработувачи на млеко со тоа што ги посочи како преработувачи кои увезуваа суровини од други земји на ЕУ, наместо да ги купуваат од домашните млекари. Со овој потег, сакале да го зајакнат овој секторот кој е зафатен од корона вирусот. И покрај тоа што го отстраниле списокот од нивната официјална веб-страница, сè уште постои изјава дека „економскиот патриотизам на овие компании е причина за загриженост“. Овој потег го налути полското здружение на млечни производи, коментирајќи дека „земја која се гордее со извоз на високо квалитетна храна треба да се воздржи од какви било иницијативи за протекционизам“. Исто така напоменале дека нивниот млечен сектор извезува околу 30 % од своето вкупно производство.
Слична е ситуацијата и во Австрија. Имено, прво градоначалникот на Виена Мајкл Лудвиг ги повика своите сограѓани да купуваат домашни производи за да помогне во обезбедувањето работни места и да ја зајакне локалната економија. „Со купување домашни производи, ние исто така можеме да придонесеме за климатските промени, затоа што тоа го намалува растојанието за транспорт помеѓу производителите и потрошувачите“, рече тој .
После тоа, австрискиот министер за земјоделство Елизабет Кастингер објави дека владата работи на „регионален бонус“ за храна, со што ќе и се даде одредена предност на локалната храна со цел зајакнување на секторите погодени од кризата предизвикана од вирусот „Ковид-19“, јавуваат локалните медиуми. Сепак, тие истакнале дека процесот ќе мора да биде во согласност со меѓународната трговија и меѓународните стандарди на ЕУ.
Јадете и пијте домашни производи
Француската влада преговараше со супермаркетите, уште во март за да купуваат локална храна и сега најголемите ланци на мало, како што се „Карфур“ и Е. Леклер, набавуваат храна од локалните фарми.
Слично е и во Англија. Претседателката на Националното здружение на фармери на Англија и Велс, Минети Батерс, им рече на пратениците во Долниот дом дека овој месец планира да испрати писмо до владата и да побара откуп на 100% од британската храна. Слични повици упатија и португалското, грчкото и бугарското министерство.
Исто така само како потсетување , белгиските земјоделци ги молеа своите граѓани да ја зголемат потрошувачката на помфрит затоа што ќе изгубат 750.000 тони компири акумулирани во магацините. Французите беа замолени да јадат повеќе сирење, Британците да пијат повеќе чај.
Кликнер предупредува за национализмот на потрошувачите
Изјавата на германскиот министер за земјоделство е во согласност со тоа. Имено, Јулија Кликнер ги предупреди своите колеги за „национализам на потрошувачите“. Таа истакна дека земјите од ЕУ треба да се воздржат од спроведување на протекционистичките политики за да помогнат во закрепнување на нивните економии.
Нелојалната конкуренција дополнително ја предизвикува и тоа што осум земји-членки на ЕУ ги искористија привремените, релаксирани правила за конкуренција и искористија повеќе од 1,2 милијарди евра државна помош за нивните земјоделци. Да се потсетиме на најновиот ваков пример. Поради големите загуби, Европската комисија воспостави програма во вредност од 650 милиони евра што ќе ги амортизира штетите во холандските компании во секторите цвеќарство, градинарство но и во производството на компири.
Можеме оправдано да се запрашаме дали ваквите активности ќе ги поткопаат досегашните еднакви услови на единствениот пазар на ЕУ. Времето ќе ги покаже последиците.
Извор :Агроклуб