Од дијалог до олеснети услови за субвенции
Изминатиов период имав бројни и непосредни средби со земјоделци и сточари, на кои отворено разговаравме за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат секојдневно. Неповолните, а честопати и екстремни, временски услови и болестите кои погодија дел од сточниот фонд, предизвикаа директни последици врз производството, додека пак пазарните услови дополнително се појавија како отежнувачки фактор за пласман на дел од производите.
Од овие разговори произлезе потреба критериумите за остварување на правото на субвенции да се приспособат на реалните состојби. Поради овие околности, предложив да се укине условот висината на субвенциите да зависи од минимум 30% продадено или предадено производство.
Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство подготви Уредба за изменување на Уредбата за поблиските критериуми за директните плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2026 година. Со овие измени ќе има олеснување на субвенциите за производителите на житни, индустриски, лозови, овошни и градинарски култури, како и за одгледувачите на јагниња.
Очекувам оваа измена на Уредбата да биде усвоена на следната седница на Владата, а земјоделците и сточарите ги уверувам дека во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство имаат партнер кој ги слуша и артикулира нивните проблеми, притоа презема и конкретни чекори кога состојбите го бараат тоа.
Фејсбук статус на Борче Серафимовски
