Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Целосната забрана за движење во шумите продолжена до 30 септември
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Целосната забрана за движење во шумите продолжена до 30 септември
Агровести

Целосната забрана за движење во шумите продолжена до 30 септември

Објавено 28/08/2026
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На барање на ЈП „Национални шуми“, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, дало согласност за продолжување на целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште на територијата со која стопанисува јавното претпријатие до 30 септември, поради зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор.

Целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште не важи за Министерството за внатрешни работи, Министерство за одбрана, Шумската полиција, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување – Државниот инспекторат за шумарство и ловство, ЈП „Национални шуми“, како и за субјектите што вршат шумскостопански активности, шумски работи и заштита на шумите, и лица што имаат писмено одобрение за движење во шумите.

Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од подружниците на ЈП „Национални шуми“ – Скопје за подрачјето со кое стопанисуваат/управуваат. За спроведување на забраната одговорни се вработените од ЈП „Национални шуми“, кои вршат дејност заштита, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, Шумската полиција и МВР.

Од ЈП „Национални шуми“ укажуваат дека за движење во парк-шумите, како што е Водно, и националните паркови, граѓаните да се информираат кај правните субјекти што управуваат со овие територии. објавува Журнал.мк

Може да ви се допадне

Земјоделците да ги прилагодат своите активности на временските промени, апелираат агрометеоролозите
Отворање на првиот Едукативно – технолошки центар за развој на пчеларството во Македонија
Без струја делови од општините Аеродром и Чучер Сандево,а без вода дел од населбата Крњево
Сообраќајот утрово се одвива по претежно суви коловози
Николоски: Почнува изградбата на Букојчани – Кичево, клучна делница за автопатско поврзување на Скопје и Охрид
Таг:движењезабранашуми
Претходен напис Успение на Пресвета Богородица: Зошто го барате во гробот, она што беше пренесено на небото
Следен напис Серафимовски: Ќе се УКИНЕ условот висината на субвенциите да зависи од минимум 30% продадено или предадено производство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?