Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Серафимовски: Откупот тече непречено, над 54 милиони килограми грозје веќе се во домашните винарии и на странските пазари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Серафимовски: Откупот тече непречено, над 54 милиони килограми грозје веќе се во домашните винарии и на странските пазари
Агровести

Серафимовски: Откупот тече непречено, над 54 милиони килограми грозје веќе се во домашните винарии и на странските пазари

Објавено 15/09/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Откупот на грозјето продолжува непречено, откупните пунктови работат, а лозарите го предаваат својот род, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски при денешната посета на неколку откупни места во Кавадарци, каде непосредно се запозна со текот на приемот и преработката на грозјето.

„Лозарите немаат никаква корист од политичкиот натпревар во кој од изолирани случаи се конструира слика дека откупот се одвива отежнато или дека е запрено преземањето на вранецот. Таквите тврдења не одговараат на фактите од откупните места“, изјави министерот Серафимовски.

Тој информираше дека според најновите податоци, 14 винарии на 19 откупни места досега откупиле и преработиле над 35 милиони килограми грозје. Околу 15 милиони килограми се црвени сорти, меѓу кои доминантно е застапен вранецот, додека над 20 милиони килограми се бели сорти. Дополнително, винариите од сопствените лозови насади собрале и преработиле над седум милиони килограми грозје, од кои 3,1 милиони килограми црвено и 3,9 милиони килограми бело грозје. Уште 1,5 милиони килограми се откупени и преработени од страна на семејните винарии. Вкупното количество набрано и преработено во домашните винарии со тоа надминува 43,5 милиони килограми.

„Значаен дел од овогодишниот род добива пласман и надвор од домашниот пазар. Досега се извезени над 10,5 милиони килограми винско и трпезно грозје. Кога ова количество ќе се додаде на родот преземен и преработен од домашните винарии, вкупно досега од лозовите насади се набрани над 54 милиони килограми грозје“, рече министерот Серафимовски.

- Реклама -
Ad image

Тој нагласи дека Државниот инспекторат за земјоделство засилено го следи целиот процес и секојдневно се вршат контроли на 19-те откупни места низ државата, при што се проверуваат мерењето, класификацијата, документацијата, евиденцијата и почитувањето на условите за откуп.

 „Ги повикувам лозарите секој конкретен проблем веднаш да го пријават до Министерството или до Инспекторатот. Секоја конкретна забелешка од лозарите се проверува и за секоја утврдена неправилност ќе има соодветно постапување“, рече министерот Серафимовски.

МЗШВ

Може да ви се допадне

АЛТА банка АД Битола ги затвора експозитурите за работа со клиенти: Воведен е неделен лимит од 10.000 денари преку картичките
Акциите на Алта банка Битола одат на продажба, веќе има заинтересирани купувачи
Народна банка на Македонија го презеде управувањето со Алта банка АД Битола – објави гувернерот Славески
Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
Народна банка на Србија ја одзеде дозволата за работа на Алта банка
Таг:грозјемзшв
Претходен напис Тешко повреден полицаец од Фронтекс, го удрило товарно возило со крадени дрва
Следен напис Сончево со мала до умерена облачност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?