Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Серафимовски: Институциите подготвени за навремен почеток и инспекциски надзор на откупот на тутунот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Серафимовски: Институциите подготвени за навремен почеток и инспекциски надзор на откупот на тутунот
Агровести

Серафимовски: Институциите подготвени за навремен почеток и инспекциски надзор на откупот на тутунот

Објавено 04/11/2026
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Институциите се подготвени за навремен почеток на откупот на тутунот од овогодишната реколта и за инспекциски надзор на постапката, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски на денешната средба со откупувачите, преработувачите и Сојузот на тутунски здруженија, која се одржа во Тутунскиот комбинат во Прилеп.

„Тутунот е стратешка култура за македонското земјоделство, а неговиот откуп е еден од законски најрегулираните процеси. За оваа реколта очекуваме просечната откупна цена да надмине 420 денари за килограм“, истакна министерот Серафимовски.

Откупувачите потврдија дека се подготвени непречено да го започнат откупот на родот, кој се проценува на 26 до 27 милиони килограми, а министерот Серафимовски најави дека тутунарите, покрај приходот од продажбата, може да очекуваат и државна поддршка од 80 денари по килограм за прва класа, 70 денари за втора и 60 денари за трета класа.

„Државниот инспекторат за земјоделство е подготвен со инспекциски надзор да ги опфати сите 317 откупни пунктови на десетте регистрирани компании-откупувачи на тутун “, порача на средбата директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Ивица Ангеловски.

- Реклама -
Ad image

МЗШВ

Може да ви се допадне

Нивото на водата на Охридското Езеро 14 сантиметри под просекот за ноември
Се подготвува исплатата на 8 денари за килограм оризова арпа
„Флајдубаи“ од 1 април 2027 година повторно ќе лета на релација Дубаи – Скопје
Нешто посебно, нешто вкусно: нови медитерански вкусови во Веро
Од 5 ноември исплата на средства за клиентите на АЛТА банка без платежни картички во Битола
Таг:подготвениПочетокСерафимовскитутунот
Претходен напис Нивото на водата на Охридското Езеро 14 сантиметри под просекот за ноември
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?