Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Флајдубаи“ од 1 април 2027 година повторно ќе лета на релација Дубаи – Скопје
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Флајдубаи“ од 1 април 2027 година повторно ќе лета на релација Дубаи – Скопје
Агровести

„Флајдубаи“ од 1 април 2027 година повторно ќе лета на релација Дубаи – Скопје

Објавено 04/11/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Авионската компанија „Флајдубаи“ (Flydubai) од 1 април 2027 година повторно ќе ги воспостави летовите меѓу Меѓународниот аеродром во Дубаи и Меѓународниот аеродром „Скопје“. Предвидени се три лета неделно – понеделник, четврток и сабота.

Со обновувањето на линијата патниците повторно ќе добијат директна воздушна врска меѓу Скопје и Дубаи, како и можност за поврзување со стотици дестинации преку партнерството за заедничко користење летови (Codeshare) меѓу „Флајдубаи“ и „Емиратите“.

Главниот извршен директор на „Флајдубаи“, Гаит ел Гаит, посочува дека повторното воспоставување на линијата ја потврдува посветеноста на компанијата кон поврзување на пазарите што имаат ограничени директни авиолинии со Дубаи.

– Поврзаноста е клучен дел од успехот на Дубаи како глобален воздухопловен центар. Со поврзување пазари што имаат ограничени директни авиолинии со Дубаи, во „Флајдубаи“ отсекогаш сме верувале дека поврзаноста отвора можности за туризам, трговија и културна размена. Враќањето во Скопје ја одразува таа континуирана посветеност – изјави Ел Гаит.

- Реклама -
Ad image

Вишиот потпретседател на одделот за комерцијални операции и е-трговија во компанијата, Џејхун Ефенди, оцени дека обновувањето на линијата ќе им овозможи на патниците поголем избор и флексибилност.

– Европа продолжува да биде важен дел од нашата мрежна стратегија. Обновувањето на летовите до Скопје дава поголем избор и флексибилност на нашите клиенти, а воедно обезбедува и атрактивна опција за патување на едно место за туристите, деловните патници и патниците од македонската дијаспора од Австралија и Азија – вели Ефенди.

Преку партнерството со „Емиратите“ патниците од Скопје ќе може да продолжат кон многубројни дестинации во Австралија и Азија, меѓу кои Шангај и Сингапур, како и кон дестинации од мрежата на „Флајдубаи“, вклучувајќи ги Бангкок, Коломбо и Занзибар. Патниците ќе имаат можност за единствена резервација и регистрирање на багажот директно до крајната дестинација.

„Флајдубаи“ првпат почна да лета на релација Скопје – Дубаи во октомври 2012 година, а со повторното воведување на линијата, пак ќе биде присутна на македонскиот авиосообраќаен пазар.

„Флајдубаи“ располага со флота од 99 авиони „боинг 737“, а со повторното воведување на линијата до Скопје нејзината мрежа ќе опфаќа повеќе од 120 дестинации во 57 земји.

МИА

Може да ви се допадне

Се подготвува исплатата на 8 денари за килограм оризова арпа
Нешто посебно, нешто вкусно: нови медитерански вкусови во Веро
Од 5 ноември исплата на средства за клиентите на АЛТА банка без платежни картички во Битола
Најмногу дожд во Кавадарци – 15 литри на метар квадратен, најстудено утрово на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози
Таг:Дубаи - СкопјеФлајдубаи
Претходен напис До недела стабилно време, за викендот утринската температура под нулата
Следен напис Се подготвува исплатата на 8 денари за килограм оризова арпа
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?