Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АГРОТИМ на терен: Селата во Тетовско – потенцијал за рурален туризам со директна поддршка на локалната власт
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > АГРОТИМ на терен: Селата во Тетовско – потенцијал за рурален туризам со директна поддршка на локалната власт
Рурален Развој

АГРОТИМ на терен: Селата во Тетовско – потенцијал за рурален туризам со директна поддршка на локалната власт

Објавено 16/09/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агротим на терен: Селата во Тетовско, потенцијал за рурален туризам, можност за развој со директна поддршка на локалната власт.

Ова може да биде работниот наслов од вчерашната посета на неколку села во Општина Тетово: Бозовце, Вешала, Бродец, Шипковица и Гајре.

село Бозовце

Кое од кое поубаво село, сместени во планинскиот предел опколени со зеленило, тивко, мирно, чист воздух и мештани со секојдневните обврски и задолжителниот чај пред продавница.

село Бродец

Ова е романтичниот дел од приказната за руралниот развој, другиот дел, она што нас нè интересираше е каква е можноста оваа убавина да ја видат и доживеат домашни посетители и странски гости. Каква е можноста жителите од овој регион да инвестираат во руралниот туризам, да се понуди автентичноста како предност, да се искористи сè она што природата го подарила како основа за нивна заработка и вработување на членовите на цели фамилии.

село Бродец

Со една таква мисија, во соработка со Општина Тетово и иницијативата на градоначалникот Касами за поголем рурален развој, посетивме и остваривме средба со сопственици на ресторани, земјоделски производители, сточари, како и луѓе кои имаат активности за здружување на жителите со заедничка цел – да се развие руралниот туризам.

село Шипковица

Првичните разговори секогаш почнуваат со доза на скептицизам, разочараност и недоверба во институциите на централно и локално ниво.

село Селце
село Лавце

Нема да биде претерано ако кажам дека нашата иницијатива и идеја на Општина Тетово, со формирањето на секторот за поддршка на руралниот туризам, наиде на одушевување. Или со нивни зборови кажано – „Досега никој вака не бил да нè праша што ни треба“.

село Гајре

Можностите за зголемување на постоечките капацитети со апартмани, изградба на нови сместувачки капацитети, куќи адаптирани за издавање на туристи, заедничка понуда на традиционална кујна и многу други активности се можни со користење на ИПАРД-средствата и други европски фондови. Поддршката од страна на секторот за рурален развој во Општина Тетово е во информации за повици, обезбедување на потребната документација за апликации и реализирање на бизнис-идеите.

село Вешала

Тоа е новото во случајот со Општина Тетово, а докажано како најважно заради заедничкото делување на локалната и централната власт.

Ленче Николовска

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Трипуновски: Средствата од ИПАРД програмата повторно се достапни!
Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Министерот Трипуновски оствари средба со генералната директорка за земјоделство и рурален развој при ЕК, Елизабет Вернер
Таг:Ипардленче николовскаопштинасело
Претходен напис Наскоро ќе стапи на сила поедноставна процедура за биолошки средства во ЕУ
Следен напис Турција го ограничува извозот на домати за да ја одржи стабилноста на домашната цена
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?