Уште во февруари, Европската Унија донесе релевантни правни акти насочени кон забрзување на употребата на производи со микроорганизми. Тоа се однесува на бактерии, габи, вируси и протозои.
На органските фарми и на земјоделците ќе им биде полесно да добијат и користат алтернативи за хемиската заштита на посевите. Новите правни акти ќе стапат во сила во ноември 2022 година.
Досега во ЕУ е дозволена употреба на 60 микроорганизми и биостимуланси за заштита на растенијата. Новите правила ги ставаат нивните биолошки и еколошки својства во центарот на проценката на ризикот. Пред да се издаде дозвола, потребно е да се докаже дека употребата е безбедна и нема никакви негативни ефекти врз здравјето на луѓето, животните или други нецелни организми.
Новите барања се многу пофлексибилни и не ги ставаат биолошките препарати во ист кош со хемиските средства. Тие се фокусираат на важни податоци, а има помалку тестирања на животни, поедноставна примена, проценки на ризик… Најважно за корисниците е дека роковите за пристап до пазарот на ЕУ ќе бидат пократки.
Актите се засновани на современи научни сознанија, а ЕУ се надева дека тоа ќе ја направи едно од најпрогресивните тела за регулација на биостимуланти.
