Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се проценува дека до 2025 година производството на свињи ќе се намали за речиси една четвртина, а цените двојно ќе се зголемат до 2035 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Се проценува дека до 2025 година производството на свињи ќе се намали за речиси една четвртина, а цените двојно ќе се зголемат до 2035 година
Агровести

Се проценува дека до 2025 година производството на свињи ќе се намали за речиси една четвртина, а цените двојно ќе се зголемат до 2035 година

Објавено 16/06/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сè помалку свинско месо се произведува во Европската Унија. Иако цените растат, растат и трошоците за одгледување. Рекордните цени би можеле да ги поттикнат фармерите да го прошират својот бизнис, но скапите регулативи за сточарството, високите трошоци, намалената побарувачка и ширењето на свинските болести ги спречуваат да го сторат тоа. Се упатува на долгорочен пад на производството во ЕУ, најголемиот светски извозник на овој вид месо, пишува Ројтерс.

За разлика од претходните циклуси, европските одгледувачи годинава не брзаат да го заживеат производството и покрај рекордните цени. Втора година по ред се очекува надолен тренд кој кумулативниот пад ќе го доведе до околу 10 проценти. Ваков редослед на настани аналитичарите очекуваат и во наредните години.

Во изминатата деценија, оваа индустрија во Европската Унија беше погодена од руските трговски санкции, ширењето на африканската свинска чума на Запад и пандемијата Ковид-19. По закрепнувањето од оваа криза, со помош на порастот на кинеската побарувачка, притисокот врз производителите доаѓа до врвот.

Во студијата подготвена за COPA COGECA, се проценува дека до 2025 година производството на свињи ќе се намали за речиси една четвртина, а цените ќе се зголемат за речиси половина до 2035 година.

Аналитичарите очекуваат дека индустријата ќе биде многу погодена од фокусот на општеството на благосостојбата на животните и заштитата на животната средина.

Данска, која е фокусирана на извозот, забележала најмала бројнос на свињи во последните 25 години. Ефектите се чувствуваат и во други земји.

Исклучок е Шпанија, но и тамошните производители се погодени од зголемените трошоци и сè уште влијанието на епидемијата.

Во меѓувреме, во извозот, неконкурентните цени и послабото производство во ЕУ оставаат повеќе простор за добавувачите во Бразил и САД да ја задоволат побарувачката од Кина.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:copacogecaсвињи
Претходен напис Како се движат цените на пченката и пченицата на светските пазари?
Следен напис Ѓубриво од квасец – како се подготвува и како се употребува?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?