Почетокот на неделата започна со пораст на цените, но средата донесе пад на фјучерсите за пченица, пченка и маслодајна репка. Најважната вест која направи пресврт во ситуацијата е проценката на залихите на пченица во Франција, а тие се повисоки од очекуваното. Во јунската прогноза тие изнесуваат 2,89 милиони тони што е повеќе од минатомесечната која изнесуваше 2,72 милиони тони. Очекувањето на жетвата е под притисок од влијанието на временските услови. Во Европа најпогодени се централните и северните делови. Во САД, приносите би можеле да бидат најниски во последните 50 години.
Извозот на пченица во Европската Унија од почетокот на сезоната до минатата недела изнесувал 30 милиони тони. Најголеми увозници се Мароко со 4,7 милиони тони, Алжир 4,1 и Нигерија 2,8 милиони тони.
На парискиот MATIF цената на пченицата во четвртокот во 14 часот била 235 евра/т. Иста церна била и за еден тон пченка, додека за маслодајна репка требало да се издвојат 443 евра.
На CBoT во Чикаго, пченицата благо падна на 213,84 евра/т. На цената на пченката влијаеше прогнозата за жетвата во Бразил, која беше малку зголемена од 125,5 милиони тони на 125,7 милиони тони. За тон пченка требало да се издвојат 220,90 евра. Цената на сојата благо падна на 470,96 евра/т.
Влијание имаше и објавениот извештај на USDA, кој даде долгорочна прогноза за понудата и побарувачката за сезоната 2023/24, која е подобра од онаа во мај. Прогнозата за глобалното производство на жито беше зголемена за 14,2 милиони тони на рекордни 2.834 милијарди тони. Нагорните ревизии главно се однесуваат на Русија, Индија и Украина. Треба да се напомене дека овие прогнози беа направени пред уништувањето на браната Нова Каховка во Украина.
Глобалната потрошувачка на жито е намалена за 1,8 отсто на 2.818 милиони тони. Потрошувачката ќе биде помала од очекуваната реколта.
Доколку се остварат прогнозите за понудата и побарувачката, на крајот на новата сезона ќе има зголемување на глобалните залихи на жито за речиси 16 милиони тони на годишно ниво, но сепак ќе биде 1,2 отсто под сезоната 2021/22. Соодносот помеѓу залихите и искористеноста ќе остане на задоволително ниво од 28 проценти. Тоа значи дека залихите ќе покриваат нешто повеќе од 102 дена глобална потрошувачка.
Интересна е вест дека речиси половина од глобалните резерви на житарки се наоѓаат во Кина, пренесува Аgroklub.
