Многу градинари имаат позитивен став кон ѓубриво од квасец, но има и такви кои зборуваат за неговите недостатоци.
Ѓубривото од квасец многу лесно се прави и се применува. Краставицата е растителна култура која исклучително позитивно реагира на примената на ова домашно ѓубриво.
Корисните елементи од квасецот го подобруваат квалитетот на почвата, го забрзуваат растот на младите растенија и развојот на вегетативна маса. Го поттикнува формирање на корени, што има позитивен ефект врз целокупниот развој на растенијата и плодот.
Како се подготвува и како се користи ѓубриво од квасец?
Доволно е да земете една коцка квасец, ставете ја во 10 литри вода и оставете да стои на топло место во следните три дена. Мешајте ја содржината на садот секој ден.
После тоа, ѓубривото е подготвено за употреба. Секое растение треба да се залее со половина литар од ова ѓубриво, кое делува како стимулатор за раст и ги штити растенијата од напади на разни штетници, особено од мравките.
Со примена на ѓубрива од квасец не треба да се претерува. Доволно е да се примени два до три пати во текот на сезоната на растење.
Извор: agrosavjet.com
Напишете коментар