Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се одржа манифестацијата Меѓународен ден на земјоделски задруги 2023
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Се одржа манифестацијата Меѓународен ден на земјоделски задруги 2023
АгровестиСаеми и манифестации

Се одржа манифестацијата Меѓународен ден на земјоделски задруги 2023

Објавено 03/07/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со промоција на дел од производите на земјоделските задруги, со доделување на признанија на поединци и организации кои активно придонесуваат за развој и афирмација на задругарството, со потпишување на меморандуми за соработка со организации, установи и институции, како и панел дискусија на тема „Задругите партнери за забрзан одржлив развој“ со претставници на мрежата на земјоделски задруги, МЗШВ, научно образовни институции, локална самоуправа и гости од регионот, во организација на Мрежата на земјоделски задруги во саботата се одбележа 101-виот Меѓународен ден на задруги.

„Одговорот за силен и моќен земјоделец е во задругарството, и во овој правец треба да се движи македонскиот аграр. Поголемо и поквалитетно производство, сигурен пласман, повисока поддршка од државата и поголем профит, се само некои од придобивките на задружното здружување, беше истакнато на одбележувањето на 101-от Меѓународен ден на задруги во с.Крани, Ресен од страна на присутните говорници!

Македонската асоцијација на земјоделски задруги веќе 11 години по ред, првата сабота од месец јули, го прославува Меѓународниот ден на задруги кој на истиот датум секоја година паралелно се одбележува во целиот свет.

Ни беше чест и особено сме благодарни за присуството на настанот од страна на претседателот на Задружниот Сојуз на Република Србија г-дин Никола Михаиловиќ, претставнците на Задружниот Сојуз на Јужна Србија, градоначалникот на општина Ресен г-дин Јован Тозиевски како и претставникот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство г-дин Боро Каевски. Особена благодарност упатуваме и до членките на земјоделската задруга ,,Крани,, од с. Крани за покажаната несебична поддршка при организирање на настанот и за тоа што беа одлични домаќини. Благодарност и за руралните жени од Преспа кои преку голем број традиционално подготвени специјалитети не доближија до специфичниот и уникатен вкус на Преспанскиот регион што беше додадена вредност на настанот и особено уживање за присутните гости.„, стои на фејсбук-страницата на Здружението Македонска асоцијација на земјоделските задруги.

Под темата „Задруги за одржлив развој“, задругарите ширум светот се повикани да го прослават овој ден и да покажат дека задружниот модел за организација го има исполнувањето на Цели за одржлив развојни (SDGs) како дел од својата ДНК, инспириран од кооперативните вредности и принципи.

Годишното прославување на овој ден, се вели во соопштението од Мрежата на земјоделски задруги, го препознава значителниот придонес на задругите кон глобалната економија и нивната улога во градење на поодржлива иднина.

-Со оглед на тоа што задругите се едни од најстарите и најголемите деловни мрежи во светот, задружното движење беше првата група на претпријатија на светско ниво кое ги поддржа целите за одржлив развој и е препознато како партнер за нивно постигнување, велат од Мрежата на земјоделски задруги.

Настанот, како што информираат од Мрежата на земјоделски задруги, е поддржан и од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Може да ви се допадне

СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Таг:земјоделски задругиманифестации
Претходен напис Чу Донгју е реизбран за шеф на Агенцијата на ОН за храна и земјоделство
Следен напис Температурите над 26°C во кокошарникот претставуваат ризик, што да се направи?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?