Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Температурите над 26°C во кокошарникот претставуваат ризик, што да се направи?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Температурите над 26°C во кокошарникот претставуваат ризик, што да се направи?
АгровестиСовети

Температурите над 26°C во кокошарникот претставуваат ризик, што да се направи?

Објавено 03/07/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во кое било производство, за да се искористи генетскиот потенцијал на високо квалитетните раси на домашни животни мораат да се обезбедат оптимални услови како исхрана, микроклиматски фактори, хигиена и слично. Ако сите параметри се во препорачаниот распон, но производството и понатаму се намалува, тоа е знак дека надворешните услови станале толку екстремни што негативно влијаат на остварените резултати.

Во летните месеци со зголемени дневни температури првиот знак на опаѓање на производството е намален број на дневно снесени јајца со полош квалитет и доста тенка лушпа. Секоја промена на темепратурата, која излегува од оптимални рамки, (а во лето тоа се покачени вредности), ќе предизвика и промени во однесувањето на живината.

Оној момент кога одгледувачот ќе забележи одредени промени во однесувањето на јатото, како задишување, ширење и мавтање со крилјата, зголемено консумирање на вода, значи дека треба да ги преземе сите мерки за топлината во кокошарникот да се врати на прифатливи граници помеѓу 18 и 24 °C.

Спречете го топлотниот стрес кај кокошките несилки

Живата во термометарот во летните месеци на нашите простори често оди над 35°C, што може да предизвика топлотен стрес кај кокошките несилки, зависно од условите на чување. Кокошарникот треба да биде конципиран и среден на таков начин за фармерот да има можност да влијае на внатрешната температура со промена на одредени параметри. Тоа значи да поседува добар систем за вентилација, проветреност, материјали кои ги одбиваат сончевите зраци и слично, какви што имаат современите објекти.

Меѓутоа, сите кокошарници немаат посебни вентилациски системи, затоа се преземаат импровизирани мерки за заштита како проветрување, создавање на провев, заштита и покривање на објектот (често направен од лим), обезбедена студена вода за кокошките несилки и слично.

Првите симптоми на топлински стрес кај кокошките се јавуваат кога вредностите се околу 26 – 32°C, тогаш се намалува и до 50 % консумацијата на храна, а од 32 °C до 35°C можна е појава на топлотен удар. Живината ги шири крилјата и забрзано диши на температура над 35°C што доведува до омалаксаност, бидејќи целата енергија ја троши на разладување. Кога температурата е повисока од 38°C, во одреден континуиран перид е погубна и доведува дури до помор на целокупното јато. Особено се загрозени и чувствителните единки на постара возраст.

Сменете ги оброците, додадете калциум

Кај екстремни надворешни влијанија, конкретно зголемена топлина, целокупниот систем на производство и држење се менува, што значи и промена во исхраната. Освен преземените мерки против прегревање на кокошарникот, истовремено за одржување на квалитетот на јајцето се препорачува прекомбиниран оброк. Се додаваат суплементи во форма на витаминско-минерални додатоци, при што прво им се дава витамин Ц и тоа преку системот за напојување, бидејќи се постигнуваат поделотворни резултати.

Исто така, пожелно е, особено околу 3 до 4 часа пред целосен мрак, на крајот на денот, да се дава како суплемент во оброкот и калциум за зајакнување на лушпата на јајцето.

Друга многу важна компонента е водата. Со мавтање на крилјата, животните губат енергија и вода многу повеќе од вообичаените услови на движење.
При високи темепратури, особено ако е во прашање одгледување со слободно надворешно движење, потербно е да се обезбедат доволни колични вода на неосветлени места за таа да не се прегрее. Потребите во текот на летните жештини кај кокошките несилки се три до четири пати поголеми отколку во оптимални околности.

Извор: agroklub.com

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:јајцакокошкитемпературатоплотен удар
Претходен напис Се одржа манифестацијата Меѓународен ден на земјоделски задруги 2023
Следен напис Одгледување на капини – Стопанско значење и рентабилност на производството
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?