Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се намалува осветлувањето на јавните патишта заради енергетската криза
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Се намалува осветлувањето на јавните патишта заради енергетската криза
Агровести

Се намалува осветлувањето на јавните патишта заради енергетската криза

Објавено 14/01/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) започна постапка за дополнително етапно спроведување на максимална рестрикција на осветлувањето поставено на државните патишта, со запазување на безбедноста на сообраќајот во ноќните часови, информираа преку нивната фејсбук-страница.

„Во насока на растеретување на енергетскиот систем од недостиг на електрична енергија во Република Северна Македонија, а согласно со Уредбата на Владата од 30 октомври 2021 година со која се предвидува минимален сигурносен обем на осветлување на улици, плоштади и други објекти во земјава, која ги опфаќа и патиштата, Јавното претпријатие за државни патишта започна со рестрикција на осветлувањето на државните патишта.

Имено, спроведувајќи ја одлуката на Владата, ЈПДП започна со намалување на осветлувањето во ноември 2021 година. Во време кога државата се соочува со предизвикот на решавање на енергетската криза сакаме да ја известиме јавноста дека Јавното претпријатие за државни патишта започна постапка за дополнително етапно спроведување на максимална рестрикција на осветлувањето поставено на државните патишта, притоа запазувајќи ја безбедноста на сообраќајот во ноќните часови. Рестрикции на осветлувањето нема да се вршат во тунелите на државните патишта во Република Северна Македонија.

Од оваа причина ЈПДП ги повикува корисниците на патиштата да ја прилагодат брзината на движење спрема условите на патот и да бидат внимателни заради нивна безбедност и безбедоста на останатите учесници во сообраќајот.“, стои во објавата на Јавното претпријатие за државни патишта.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:осветлувањепатишта
Претходен напис Утринските температури под нулата во целата држава
Следен напис Суша ѝ се заканува на бразилската пченка – што значи тоа за светските цени?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?