Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се намали европското производство на зеленчук?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Се намали европското производство на зеленчук?
АгровестиПазари

Се намали европското производство на зеленчук?

Објавено 19/04/2021
Сподели
3 мин. за читање
Experienced male and female farmers loading truck with freshly harvested peppers and tomatoes in plastic crates on farm
Сподели
Ad imageAd image

Доматите, кромидот и морковот сочинуваа скоро половина од количеството на зеленчукот одгледуван во Европската унија во 2020 година. Нивното производство достигна 59,53 милиони тони, но сепак е за еден процент помалку од претходната година, пишува fruveb.hu.

Сепак, резултатите се различни за секоја земја-членка на ЕУ и за секој производ. Така, во водечката земја, Шпанија, приносите паднаа за речиси пет проценти во споредба со претходната година. Таму главно беше намалено производството на кромид и домати, што значително влијаеше на вкупното производство на зеленчук во ЕУ. Сепак, минатата година беа собрани повеќе пиперки, модри патлиџани и зелка.

Расте производството на пиперки, модри патлиџани и тиквички

Во ЕУ најмногу се одгледуваат домати, но поголем удел на пазарот имаат оние кои служат за преработка. Водечка земја во производството на оваа култура е Италија, каде минатата година беа собрани дури 5,2 милиони тони индустриски домати. Следува Шпанија, но таму неповолните временски услови и помалата побарувачка го намалија производството. Производителите таму собрале 22 проценти помалку отколку во 2019 година.

Португалија е на третото место, а претходната година беше полна со предизвици за тамошните одгледувачи на зеленчук. На почетокот на сезоната, раните сорти дадоа помал принос и имаше потешкотии со капацитетите за преработка. Иако минатата сезона не беше добра за тие три земји, тие сепак имаат поголеми очекувања оваа година.

Соодветно на тоа, избираат избираат да посеат други култури. Пиперката е една од најпопуларните, а за разлика од доматите, таа бара помалку работна сила, па затоа трошоците се пониски. Кај доматите има проблем и со увозот, а европските земји не можат да се натпреваруваат со цената на мароканската стока. Во исто време, стапката на самостојност во нордиските земји расте со развојот на технологијата.

Што се однесува до производството на кромид, тоа беше 6,2 милиони тони, што е за околу пет проценти помалку од рекордот во 2019 година. Шпанија најмногу придонесе за тоа , но во 2020 година производството беше помало и за овој поуларен зеленчук. Во некои земји, собраната количина стагнира, а во некои дури и се зголеми.

Треба да се напомене дека од 2019 година, Германија е главниот производител на моркови во ЕУ. Што се однесува до зголемувањето на производството во сите земји, тоа се пиперки, модар патлиџан и тиквички. Исто така имазголемување и кај лукот и спанаќот, но тоа не е случај со празот, ендивијата и артичоките.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Таг:еузеленчукпазарипроизводство
Претходен напис Домашната индустрија бара да се спречи зголемувањето на цените на месото и месните преработки
Следен напис Презентација на дигитални решенија применливи во секторите земјоделство и туризам, во рамките на проектот „ReFRESH: Agriculture & Tourism“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?