Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се гради нов пазар во Делчево
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Се гради нов пазар во Делчево
Агровести

Се гради нов пазар во Делчево

Објавено 10/09/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Интензивно се работи на изградба на современиот градски пазар во Делчево, информираат од Општината. Во моментов во тек е поставување на челичната конструкција на покриениот дел од пазарот, а претходно на проектираната површина се завршени бетонските работи, а поставена е водоводната и фекалната канализација.
Изградбата на првата фаза од современиот градски пазар, капитален проект за Делчево, треба да заврши до декември оваа година.

„Комплетно се обезбедени средства за дореализација на проектот современ градски пазар и за прва и за втора фаза од изградбата во висина од околу 35 милиони денари. Воедно, сакам да истакнам дека станува збор за доста значаен проект за Делчево кое ќе биде уште едно место двигател на локалната економија и кој има регионално значење за Општината која е на крајниот исток од државата, каде доаѓаат посетители од соседна Бугарија, но и како транзитно место, често посетувано од граѓани од цела држава и пошироко.
Со реализацијата на овој проект, Делчево ќе добие современ градски пазар со целата инфраструктура, каде ќе бидат испочитувани сите критериуми за соодветно чување и продавање на храната и на најразновидната стока, како и соодветен паркинг- простор. Градскиот пазар е со површина на градежна парцела 11.599 м2 и површина за градење 6.944 м2 и содржи продажен простор за земјоделски производи, но и други стоки.
Инаку, во следниот период планирана за изградба е на нова улица која ќе го поврзува новиот пешачки мост и новиот градски пазар со што ќе се реши уште една инфраструктурна потреба за делчевци и е во насока за заживување на овој дел од централното градско подрачје кое ќе добие нов урбан лик.“, напиша градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски на својот фејсбук-профил.

Може да ви се допадне

Русија руши рекорди: Извезува 50 милиони тони пченица, а продажбата на ѓубрива скокна за 30%
(ВИДЕО) Ристески: На тутунарите до средината на јуни ќе им бидат исплатени субвенциите
Отворен Максол Експо 2026, соларната енергија е иднината, секој треба да даде свој придонес
Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 04.06.2026 година
Миланов: Млечните производи со несоодветни декларации се безбедни, но со нарушен квалитет – потрошувачите се изманипулирани, ќе ги објавиме фирмите
Таг:делчевопазар
Претходен напис Викендов променливо облачно со услови за слаб дожд
Следен напис Катарина Георгиевска, сопственичка на „Ранчо и Ванчо на Ката“ доби признание за Промотор за развој на руралниот туризам
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?