Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Катарина Георгиевска, сопственичка на „Ранчо и Ванчо на Ката“ доби признание за Промотор за развој на руралниот туризам
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Катарина Георгиевска, сопственичка на „Ранчо и Ванчо на Ката“ доби признание за Промотор за развој на руралниот туризам
Магазин

Катарина Георгиевска, сопственичка на „Ранчо и Ванчо на Ката“ доби признание за Промотор за развој на руралниот туризам

Објавено 10/09/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Катарина Георгиевска е сопственичка на капацитетот за селски туризам „Ранчо и Ванчо на Ката“ во село Оморани, кој заедно со нејзиниот сопруг го отвориле пред десетина години. Во нивниот мал рај, доаѓаат гости и од нашата земја и од цел свет, кои на Ранчот можат да уживаат во мирот и природата, како и во вкусната храна спремена со свежи локални производи и подготвена по традиционални рецепти.

Во рамки на манифестацијата за „Избор на најуспешни во областа на земјоделството“ во организација на ЗЗ „Современо земјоделство“, Катарина доби признание за Промотор за развој на руралниот туризам.

„Особен интерес посветив на овој регион што е наречен Азот, како еден од најнеразвиените региони во Македонија, но и еколошки чист регион од аспект на животната средина. Тука нема индустриски сектор, нема потенцијални загадувања врз животната средина, а тоа значи природен начин на живот, органска храна. Ова село Оморани ме плени со својот изглед и одлучив дека ова е местото каде што ќе основам селски туризам.“, вели Катарина.

Катарина вели дека животот во Скопје ѝ станува сѐ потежок во смисла на загадувањето што постои во градот, гужвата, бучавата, стресните и агресивни релации помеѓу луѓето и затоа решила да инвестира во Оморани.

„Овде буквално живеете како да сте на еден рај на земјата. Овде има многу подобар квалитет на живот, секако доколку знаете во услови на една селска, рурална средина, да си ги обезбедите сите инфраструктурни потенцијали, инфраструктурни објекти

Следен предизвик за Катарина е „глампинг“ туризмот, кој планира да го развива во Оморани.

„Глампинг туризам е кованица на англиски јазик од два збора. Едниот е „glamorous“ (гламурозен), а другиот е „camping“ (кампирање), што значи чувство на доживување на природата некаде во камп, во природа, каде што нема гужва, каде што е мир и тишина, меѓутоа со сите услови на едно комформо, луксузно, гламурозно живеење.“, објаснува Катарина.

Ранчот е претставен на платформите Booking и Airbnb за резервации за сместување и има многу позитивни препораки.

„Селскиот туризам во нашата земја може да претставува една одлична и бескрајна економска гранка за развој на локалното население во руралните средини“, вели Катарина.

Може да ви се допадне

Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Кох од гриз
Таг:Rancho i Vancho na Kataкатарина Георгиевска
Претходен напис Се гради нов пазар во Делчево
Следен напис Лозарите го истураат грозјето пред Тиквеш
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?