Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се градат помошни канали за наводнување и речни каскади во општина Зрновци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Се градат помошни канали за наводнување и речни каскади во општина Зрновци
Рурален Развој

Се градат помошни канали за наводнување и речни каскади во општина Зрновци

Објавено 10/03/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На две локации во полскиот регион на општина Зрновци во тек е изградбата на помошни канали за наводнување и каскади во коритото на реката Зрновка, во рамки на проектот на Локалната самоуоправа за подобрување на условите за земјоделско производство.

За реализација на градежните работи обезбедени се 9,5 милиони денари преку Центарот за развој на Источниот плански регион, како дел од Програмата за рамномерен регионален развој, со инвестиции во земјоделска инфраструктура.

-Во моментот работници и механизација се ангажирани на изградба на армирано-бетонски канал за наводнување во месноста Виничка Вада со вкупна должина од околу 1,5 километар, како и на наводнителен канал во Морошка Вада во должина од 850 метри. Дополнително, во речното корито ќе се изградат и три каскади. Со тоа значително ќе им се олесни работата на земјоделците, односно тие ќе имаат континуирана динамика и количини на вода за наводнување на површина од над 300 хектари. Од друга страна пак, ќе се заштитат асвалтираните патни правци покрај каналите кои се на постојан удар од надојдените атмосферски води, со што се загрозуваше безбедноста во сообраќајот, истакна градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев.

Изведувач на градежните работи е компанијата „Стоименов“ од Кочани која, по потпишувањето на договорот со Центарот за развој на Источниот плански регион, презема обврска да ги заврши до почетокот на август.

За подобрување на условите во земјоделското производство, Општина Зрновци обезбеди 1,5 милион денари од Министерството за земјоделство и сопствени буџетски средства, наменети за изградба на пристапен полски пат во должина од околу еден километар во месноста Убаво Поле.

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
РСЕ: Како лекарите да се вратат во селата?
Таг:општина зрновци
Претходен напис Николовски: Семејната винарија „Максимилијан“ во село Пепелиште е успешен пример за максимална искористеност на мерките кои ги нудиме
Следен напис На штипски „Кумлак“ викендов ќе се засадат 4.000 садници црн бор
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?