Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Семејната винарија „Максимилијан“ во село Пепелиште е успешен пример за максимална искористеност на мерките кои ги нудиме
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Семејната винарија „Максимилијан“ во село Пепелиште е успешен пример за максимална искористеност на мерките кои ги нудиме
Агровести

Николовски: Семејната винарија „Максимилијан“ во село Пепелиште е успешен пример за максимална искористеност на мерките кои ги нудиме

Објавено 10/03/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

59 мали семејни винарии добија грант од 10.000 евра на минатиот повик, и денес го споделуваат своето позитивно искуство со нас. Наша поддршка покрај грантот за опрема и модернизација на своето производство, има и за промоција на убавото македонско вино преку јавниот повик за поддршка на локални манифестации и саеми за 2023, рече министерот Љупчо Николовски при посетата на семејната винарија „Максимилијан“.

„Семејната винарија „Максимилијан“ во село Пепелиште, Неготино, е токму еден успешен пример за максимална искористеност на мерките кои ги нудиме, учесник на многу саеми, и добитник на повеќе домашни и меѓународни награди. Ивица Златковиќ е добитник на грант од 10.000 евра за мали винарии, но и грант од 20.000 евра за млад земјоделец.

Јавен повик за финансиска поддршка на мали производители на вино и алкохолни пијалаци

Го охрабрувам Ивица да аплицира и за мерката „Бизнис план“ преку јавен повик кој е отворен во текот на целата година, и да добие грант од 10.000 евра за уште поголеми инвестиции и модернизација на своето производство.“, рече Николовски.

„Семејната винарија Максимилијан е пријатно освежување на македонската винска лепеза. Поддршката овозможена преку грантови од програмата за рурален развој и програмата за поддршка на малите семејни винарии нашиот домаќин Ивица ја инвестирал наменски во опрема за производство, чување и пакување на неговите бели и црвени вина. Пренесувам одличен впечаток од денешната посета со силна препорака за сите љубители на виното и руралниот туризам да ја искористат секоја можност да ги посетат семејните винарии ширум и да уживаат во нивната понуда“, рече директорот на Платежната агенција, Никица Бачовски.

Може да ви се допадне

Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Таг:бизнис планмаксимилијанпеплиште
Претходен напис Се прави пристапен пат до земјоделско земјиште кај велешкото село Мамутчево
Следен напис Се градат помошни канали за наводнување и речни каскади во општина Зрновци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?