Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се ближи сеидбата – Како да проверите дали семето е добро?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Се ближи сеидбата – Како да проверите дали семето е добро?
Совети

Се ближи сеидбата – Како да проверите дали семето е добро?

Објавено 03/02/2023
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Одгледувачите на зеленчук веќе во јануари почнуваат да прават план за сеидба на зеленчук на отворено или за расадно производство. За садење на отворено, расадот обично се сее во март, но пред тоа треба да знаете кои семиња ги имате доволно, а кои треба да ги купите.

Некои го зачувале она што останало од минатата вегетација, некои добиле некоја долго посакувана семка од нивни познаници, некои пронашле зафрлени кеси од пред три или повеќе години. И сите се прашуваат дали таквото семе треба да се посее, дали трудот ќе се исплати или на крајот ќе се добијат само неколку растенија или, што е полошо – ниту едно.

Во продолжение ви откриваме како да го спречите тоа.

За да не се мачат залудно и да го пропуштат оптималното време за сеење на добро семе, на одгледувачите на зеленчук им се препорачува да го проверат ртењето на семињата. Но, прво треба да се знае кој зеленчук колку долго одржува добро ртење.

Семките од домати, краставици и диња можат да ‘ртат после пет или повеќе години. Семките од зелка и тиквички се продуктивни четири до пет години. Истовремено за магдоносот, пченката „шеќерац“, празот, пашканатот, сите видови кромид, секоја година е потребно свежо семе.

Сето ова сепак мора да се прифати со резерва, бидејќи ртењето зависи и од условите во кои се чувало семето. Во семките се наоѓа нов живот и на неговата одржливост значително влијае начинот на складирање. Повеќето експерти се согласуваат дека најдобри услови за нивно складирање се темни, ладни и суви места.

Како да се провери ртењето на семето за успешно одгледување зеленчук

Доколку имате многу семиња, а мислите дека не сте ги складирале во идеални услови, а за да бидете сигурни што ќе добиете кога ќе ги посеете, прво проверете го ртењето.

Земете десет семки, натопете ги во сад со малку вода или ставете ги во слоеви натопени хартиени марамчиња или навлажнета газа и задолжително ставете сè во пластична кеса. Натопените семиња ставете ги на топло место и за една недела проверете колку од нив изртеле.

Ако изртеле две од десет, тоа значи дека ртењето е 20 проценти, што не е многу добро. Во тој случај, на пролет посејте ги семките погусто отколку што треба или едноставно купете свежо семе. Во случај да изртеле осум од десет, ртењето е 80 проценти, што не е лошо, и со тоа семе може да се „извади“ оваа сезона.

Како се прави брз тест за ртење?

Кога има малку семки и ниедна не треба да се жртвува, тогаш се прави брз тест за ртење. Семето се потопува во раствор од калиум перманганат (се купува во аптека). Доброто семе ќе потоне на дното, а она „празното“ ќе исплива на површината.

Ист ефект ќе има и потопување на семето во слаб солен раствор.

Прво се прави три или пет процентен раствор од кујнска сол и се спуштаат семките во него, нежно се мешаат и се оставаат 10 до 15 минути. Семките од краставица се потопуваат во раствор од 30 гр сол и еден литар вода, а семките од пиперките, доматите, модар патлиџан, зелката во раствор од 50 гр сол и еден литар вода. Празните зрна ќе испливаат на површината. По тестирањето, сите потонати семиња треба темелно да се исплакнат со чиста вода, да се исушат и да се вратат во вреќичките во кои ќе останат до сеидбата.

Подетална анализа на семиња за поуспешно одгледување на зеленчук

За оние педантни градинари, тестовите за брзина често не се доволни, па работат според препораките од учебниците. За такви, еве го редоследот на работа.

Од количината што ја имаме земаме десет семки и ги ставаме на навлажнета газа, салфетка или хартиена крпа, а одозгора ја покриваме со друго навлажнето парче.
Вака подготвеното место за ртење се става во чинија и се покрива со тенка најлонска фолија или се става во кесички кои подобро ја задржуваат влагата и се остава на собна температура, најдобро е помеѓу 18 и 20 степени Целзиусови и внимавајте газата секогаш да е доволно влажна. Во зависност од видот и сортата, семките ќе никнат по неколку дена. И тогаш се бројат оние кои го формирале никулецот.

При броењето треба да се внимава на зрната што изртеле, но кои покажуваат разни абнормални појави – имаат само корен или само надземен дел или и двата, но деформирани делови. Таков никулец нема да прерасне во ново растение, а тие зрна се вбројуваат во празни.

Извор:agrosavjet.com

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Таг:ртењесеме
Претходен напис Јануари екстремно топол, над просекот за 3,3 степени
Следен напис Овоштарникот во февруари – По резидбата, заштитете ги овошките од измрзнување
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?