Генетичарот Миодраг Стојковиќ изјавил за агенцијата Бета дека тим научници од Србија, Шпанија и Велика Британија кој го предводи токму тој, прв во светот ја испитуваше штетноста на пластиката врз човечкиот ембрион.
-„Дојдовме до сознание дека пластиката со микроскопска големина лесно влегува во човечките клетки и ембриони, го менува нивниот генетски профил и доведува, меѓу другото, до пореметување на клеточните компоненти кои можат да предизвикаат стерилитет, проблеми со имплантација на ембрионите, абнормален развој воопшто, а особено на развојот на белите дробови“, изјавил Стојковиќ кој работи на испитување на матичните клетки, во Институтот на амриканскиот Универзитет Харвард, во Бостон.
Тој изјави дека до идејата за испитување на влијанието на пластиката дошол пред две години, кога видел колку има палстичен отпад и колку пластика има во козметиката, лековите, храната, а никој не се интересира за тоа колку е опасна по човечкото здравје.
Додава и тоа дека микроскопски ситната палстика предизвикува абнормален развој на окото, срцеви проблеми и доведува до кардиоваскуларни заболувања.
Резултатот од испитувањето е објавен во средата во меѓународното списание „Stem Cells” каде Стојковиќ бил уредник до 2012 година.
Во екипата научници биле и вработени во Клиниката SPEBO во Лесковац и професори на Универзитетот во Крагуевац.
– „Мене најголема вест и радост ми се што во публикацијата се вклучени и Лесковац, Крагуевац и воопшто Србија”, изјавил Стојковиќ.
Извор: Beta
