Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сабина Џолан: работата не е лесна, но знам за кого работам – за своите два сина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Сабина Џолан: работата не е лесна, но знам за кого работам – за своите два сина
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВОРастително производствоРурален Развој

Сабина Џолан: работата не е лесна, но знам за кого работам – за своите два сина

Објавено 04/05/2020
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сабина Џолан  од Ровишч кај Бјеловар во вистинска смисла на зборот е хероина. Иако има само 31 година оваа самохрана мајка, храбро, без помош од „ машка рака“ ја работи работата наследена од нејзините родители. Сопственик е на земјоделско стопанство, па во пластеници кои се протегаат на 3000 квадратни метри има вистинска рајска градина во која нема што нема. Работата е напорна, вложувањата големи, ризикот доста висок, но за оваа „жена- мајка – кралица“ ништо не тешко бидејќи работи за своите два сина.

„ Јас сум самохрана мајка на две деца и моја е одговорноста да им обезбедам егзистенција. Бидјќи моите родители се занимаваа со градинарство, јас одлучив да ја продалжам таа семејна работа. На земјоделското стопанство кое за прв пат започна да работи пред 25 години, моите родители го подигнале првиот пластеник и малку по малку започнале да ги продаваат плодовите на пазарите во Бјеловар , а нешто продавале и од куќниот праг. Задоволните купувачи им биле показател дека се на прав пат , па од година во година инвестирале во нови пластеници. Во нив се работевме рачно, бидејќи немавме соодветна механизација. За да си ја олесниме работата пополека набавувавме половни машини.

Но годините го прават своето, па моите родители повеќе не можеа да ја работат оваа работа сами. Затоа јас после разводот одлучив да се вратам со децата во своето место и да продолжам да се занимавам со семејната работа“- раскажува Сабина, млада мајка и сопственичка на земјоделско стопанство во кое ги произведува речиси сите врсти на зеленчук.

Интернет генерацијата лесно ги прати сите трендови во земјоделството

Бидејќи му припаѓа на „Интернет –генерацијата“ Сабина многу бргу ја осовременила работата и во тек е со сите можности за земјоделците па аплицирала и за средства од ЕУ фондовите.

„ Аплицирав за мерката 6.1.1 од програмата за рурален развој на млади земјоделци, па во 2015 година успеав да добијам  средства во висина од 50 000 евра со кои подигнав нови пластеници кои се протегаат на површина од 3000 квадратни метри. Во нив ги произведувам речиси сите сорти на зеленчук, од салати, домати , шери домати, краставици, патлиџани па се до лиснат зеленчук. Компири, зелка и лубеници садам на отворено“ вели сопственичката на ова земјоделско стопанство.

Производите ги продава во своето мало место, а покрај продажбата од куќен праг има и свој сопствен штанд во центарот на Ровишч. Понекогаш продава и на пазарот во Бјловар, а нешто  им доставува и на сталните купувачи во Загреб кој е оддалечен 70 километи.

„Работата со растенијата е убава но физички могу напорна. Претежно работам клекната поради што два пати бев на операција за колената. Најголемиот дел од работата се работи рачно, од копање до корнење на тревата, работници тешко се наоѓаат бидејќи никој од младите не сака да се занимава со земјоделство“ вели Сабина која засега во своето земјоделско стопанство има вработено четири работнички.

 Работа има во текот на цела година. Бидејќи сама го произведува и расадот, со сеење започнува уште во февруар.

Градот , ветрот и жештините предизвикуваат штети на пластениците и на растенијата.

Иако и самата работа не е лесна, сепак најголем проблем се временските услови кои од година во година се понеповолни.

 „Обилните дождови често предизвикуваат поплави. Во септември околу 1 часот по полноќ имавме појава на град па буквално беа уништени околу 20 000 зелки кои беа спремни за берба. Во летните месеци голем проблем за пластениците се високите температури. Во март кога расадот е спремен за пресадување често доаѓа до нагло паѓање на температурата и тогаш не спијам со денови бидејќи дежурам покрај греачите кои ја одржуваат темпаратурата во плус за да се спречи мрзнењето.

Голема закана се и силните ветрови. Пред неколку недели силен ветер ни ја уништи дури и металната конструкција и го искина најлонот на четири пластеници.“ раскажува Сабина . Истакнува дека штетите се голем финансиски удар бидејќи треба се да се санираат за да се спречат понатамошните можни штети.

Голема инвестиција и висок ризик. Земјоделството бара големи вложувања вели оваа млада земјоделка.

Исто така нагласува дека зеленчукот кој не е третиран со ништо тешко е да се чува. После берењето тој брзо пропаѓа па затоа и продажбата мора да биде брза и добро организирана. Вишокот од родот Сабино редовно го поклонува на оние што им е потребен.

„Иако не е лесно , повторно би го избрала животот на село!“

Животот на село е добар само за оние на кои не им е тешко да работат и да се борат за своето семејство-вели Сабина.

„ Многу луѓе ми велат дека сум луда што работам толку многу. Ми велат дека државата е тука за нас и дека ние треба да ја користиме неа , а не таа нас, но јас не сум жена која оди по линијата на помал отпор. Одлучив да продолжам со оваа работа се додека ме служи здравјето. Не ми е тешко бидејќи секое утро кога ќе се разбудам знам за кого се борам и за кого работам- тоа се мите синови на кои сакам да им обезбедам она што им е потребно за живот и да им дадам пример со надеж дека кога ќе пораснат и кога ќе се осамосталат ќе ја продолжат оваа семејна работа.“ порачува оваа млада и амбизиозна жена.

Извор :Агроклуб

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Култивирано одгледување на ароматични, зачински и лековити растенија: Одржлива и доходовна можност за современо земјоделство
Таг:ГрадинарствоСабина Џолан
Претходен напис АТАНАСОВ: Инспекциските контроли фокусирани на кетерингот, малопродажбата и маркетите
Следен напис Копривата како чудо на природата – лек, храна, но и заштита од болести и штетници
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?