Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АТАНАСОВ: Инспекциските контроли фокусирани на кетерингот, малопродажбата и маркетите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АТАНАСОВ: Инспекциските контроли фокусирани на кетерингот, малопродажбата и маркетите
Агровести

АТАНАСОВ: Инспекциските контроли фокусирани на кетерингот, малопродажбата и маркетите

Објавено 02/05/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Граѓаните може да бидат спокојни. Инспекторите се постојано на терен. Покрај редовните, интензивно вршат и засилени, вонредни контроли. КОВИД-19 не може да се пренесе преку храната, со нејзина консумација, но може при механичко манипулирање – преку пакувањата на производите во маркетите. Затоа сите, како потрошувачи, мора да се придржуваме до препораките, заедно да придонесеме во борбата против коронавирусот, вели за МИА директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов.

Според Атанасов, ситуацијата се следи на дневна основа, а така се дистрибуираат, па и соодветно се менуваат мерките испорачани до операторите со храна – производството, дистрибуцијата и прометот.

-Вонредните контроли се главно насочени кон кетерингот, малопродажбата и маркетите зашто фреквенцијата на луѓе сега е таму ако се земе предвид дека кафеаните, рестораните, кафетериите или генерално, угостителските објакети се затворија, освен оние што испорачуваат храна, нагласува директорот.

Од почетокот на вонредната ситуација беше јасно, додава, дека во компаниите кои вршат производство и дистрибуција кои во овие моменти се најоптоварени, ќе се појават лица кои немаат завршено курсеви за безбедност на храна и хигиена или кои немаат извршено санитарни прегледи.

-Ни беше јасно дека ќе се соочиме со тој проблем и затоа таму се насочивме. Ако некој ги погледне извештаите што ги доставуваме до Инспекцискиот совет, ќе види дека отстапувањата се во тој сегмент. Нормално, кога компанијата се соочува со недостиг на соодветен персонал кој ги познава и ги применува мерките, ќе пополни место со друг зашто потребата тоа го налага. На пазарот немаше недостиг на храна, успешно се изменаџираа трговијата, пласманот, производството, потенцира Атанасов.

Ваквите пропусти не се однесуваат само на евентуално ширење на КОВИД-от, туку претставуваат опасност и за ширењето на болести преку храна.

-Бројката на евидентирани недоследности не е голема. Во просек е кај три до пет објекти од исконтролирани 60 – 70 во текот на денот што не е некое отстапување. И кога нормално работат угостителските објекти вакви пропусти има. Но, добро е она што инспекторите ќе го утврдат, јавно да се соопшти зашто така луѓето, односно операторите стануваат посвесни, дополнува Атанасов.

Во однос на домашните миленици, тој е дециден дека кучињата и мачињата не можат да пренесат КОВИД-19, освен механички, преку крзното, ако некој ги допира и потоа самиот случајно се пипне по носот, очите или устата.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Зоран Атанасовинтервјуконтроламалопродажбамаркетимиа
Претходен напис МЗШВ: Продолжен рокот за плаќање на годишната закупнина за државно земјоделско земјиште за 2019 до 12-ти ноември 2020 година
Следен напис Сабина Џолан: работата не е лесна, но знам за кого работам – за своите два сина
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?