Руското Министерство за земјоделство, оваа година очекува рекорден принос на зеленчук од стакленици, а целта им е да се произведат доволно количини за снабдување на населението. Според последните објави на руското Министерство за земјоделство, рибарство и храна, во нивните стакленици до 28 април 2020, собрани се 389.300 тони зеленчук, што е за 29,4% повеќе во однос на истиот период минатата година. Тоа особено се однесува на растенијата одгледувани во стакленици меѓу кои се краставиците од кои се собрани 276.600 тони со пораст од 30% во однос на минатата година и 107.600 тони шери домати со ист таков пораст.

Очекуваат берба од речиси 1,25 милиони тони зеленчук
Оваа година очекуваат рекордна берба на зелечук од стакленици која би можела да достигне скоро 1,25 милиони тони, што е за 9,6 % повеќе во однос на 2019 година.
– “Зголемувањето на производството е пореади модернизација на стаклениците и новите инвестиции“, изјавил директорот на Националната задруга на одгледувачи на овошје и зеленчук, Михаил Глушков.
Русија има 1.100 хектари површина под нови стакленици
Во последните пет години тука се подигнати повеќе од 1.100 хектари нови стакленици, а се со цел да станат комплетни во производство на зеленчук. Моментално задоволуваат 90% од своите потреби за краставици, но и 60 % за шери домати. Во меѓувреме, ветото на европските производители на овошје и зеленчук кој е воведено во 2014 година и понатаму останува на сила.
Побарано е отворање на рускиот пазар
Во 2013 година, пред воспоставувањето на ветото , шпанскиот извоз на овошје и зеленчук во Русија изнесуваше 230.729 тони покривајќи широк опсег на производи. Но вистинскиот капацитет се покажа многу поголем со оглед на производите кои се извезени од други држави членки како Франција,Холандија и Полска. Од вкупната количина која Русија ја увезила вкупно 161.356 тони се овошје и речиси 80.000 тони зеленчук.

FEPEX и другите задруги за овошје и зеленчук на државите членки на Европската унија, побараа од Комисијата преговори за отворање на руските пазари.. Меѓутоа, како што пишува агроинформ, поради развојот и јакнењето на присутноста на другите земји, како Турција и Мароко, рускиот пазар веројатно нема да увезува толку многу зеленчук и овошје како пред ограничувањето.
Извор: Агроклуб
