Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Обединетите Арапски Емирати, истрајни во производството на сопствена храна: Пандемијата од корoна вирусот покажа дека тоа се исплаќа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Обединетите Арапски Емирати, истрајни во производството на сопствена храна: Пандемијата од корoна вирусот покажа дека тоа се исплаќа
МагазинОрганско производствоРастително производство

Обединетите Арапски Емирати, истрајни во производството на сопствена храна: Пандемијата од корoна вирусот покажа дека тоа се исплаќа

Објавено 01/06/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Иако сите земји од Персискиот залив, главно се потпираат на увоз на храна, некои од нив сепак во последните неколку  години го пoттикнуваат и сопственото производство. Еден од најдобрите примери за тоа се Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) каде што вкупниот придонес на земјоделството во вкупниот БДП (Бруто домашен приход), благодарение на големите вложувања, од 2, 39 милiјарди долари во 2012 година,  порасна на 3,06 милијарди долари во 2018 година.

Таа земја според Глобалниот индекс за безбедност на храната, моментално е рангирана на 21 од вкупно 113 места, а нејзина цел е до 2021 година да бидат меѓу првите 10. До тогаш се надеваат дека барем половина од храната што ја консумираат ќе биде од домашно производство.

Проблеми со водата и почвата

За да се поттикне домашното производство, направена е Национална стратегија за безбедност на храната, која официјално почна да се спроведува во 2018 година. Од тогаш па до денес изградени се разни копмлекси и фарми за домашни животни, инфрастrуктурни објекти , воведени се голем број на субвенции за земјоделството, а владата целокупната домашна храна ја ослободи од ДДВ.

И покрај тоа што вложуваат големи напори да заживее земјоделството, не можат да избегаат од проблемите. Според последните истражувања на Институтот за светски ресурси, нема добри вести за ОАЕ. Поради се поголемите климатски промени заедно со 17 други земји, Емиратите се под голем т.н. воден стрес, што значи дека годишно искористуваат 80% од достапната вода.

Модерното земјоделство е единствено решение

Најголем проблем како што претходно беше кажано е климата, а се очекува дека глобалното затоплување ќе доведе до уште поголеми суши. Поради тоа поголем број од иновациите во земјоделството се  потпираат на посеви во затворен простор.

Така на пример фирмата Pure Harvest во 2018 година собрала семе вредно 4,5 милиони долари и одлучила да произведува на модерен начин.

„Нашите високотехнолошки стакленици овозможуваат прецизна контрола на климата и овозможуваат зголемена продуктивност, но и помала потрошубачка на вода и енергија ,а се намалува и отпадот. Квалитетот ни е од голема важност, а производите веднаш ги пакуваме и ги испорачуваме за да останат свежи.“ пишува на нивната официјална страна.

Фирмата моментално продава 30 различни сорти на домати , а планира во наредните неколку месеци  да го зголеми производството за 30 хектари и тоа со други сорти на овошје и зеленчук.

Помалку вода и без пестициди

Во последните неколку години земјата исто така бележи пораст на бројот на вертикални градини на кои има насади под LED светла. Фабриката Emirates Flight Catering и големата вертикална градина  Crop One Holdings, склучија партнерство и одлучија да направат една од најголемите фарми со таков тип на осветлување, во која ќе вложат повеќе од 40 милиони долари.

„Земјоделското стопанство кое ќе се протега на површина од 130.000 км2, би требало да биде спремно оваа година . Наша цел е да користиме 99% помалку вода отколку во традиционалното земјоделство и нема да користиме пестициди“ порачуваат од фирматаCrop One Holdings.

Денес во време на пандемија од корона вирусот, трудот во земјоделството во ОАЕ  им се исплати бидејќи покрај увозната храна имаат и домашна. Рафтовите во маркетите никогаш не останаа празни, делумно и поради новата политика на нивната влада.

Извор:Агроклуб

Може да ви се допадне

Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
(РЕЦЕПТ) Лосос од рерна
Таг:Вертикални градиниводен стресЕмиратиОАЕСопствено производство
Претходен напис Русија се подготвува за рекордна берба на зеленчук
Следен напис Франција го заштити своето оригинално козјо сирење „Brousse du Rove“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?