Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Русија очекува најголема жетва на пченица досега?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Русија очекува најголема жетва на пченица досега?
Пазари

Русија очекува најголема жетва на пченица досега?

Објавено 24/08/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Според Игор Павенски, главен аналитичар во аналитичарскиот центар „Русагротранс“ Русија би можела да собере вкупно 127,5 милиони тони жито, што би била една од најбогатите жетви во земјата.

Според извештаите на Министерството за земјоделство на Соединетите држави (USА), се очекува дека производството на жито во Русија оваа година ќе достигне најголем досега измерен резултат, бидејќи производството на пченица достигнува дури 78 милиони тони.

Имено според нив прогнозата за јули е за 1,5 милиони тони (без Крим), со појаснување дека оваа година се очекува извоз на руската пченица за дополнителни 1,5 милиони тони, на севкупно 37,5 милиони. Во исто време, прогнозата за глобално производство на оваа житарица во сезоната 20/21 е намалена за скоро 3,5 милиони тони.

Аналитичарите очекуваат поголемо производство

Руските аналитичари, очекуваат дека жетвата на пченицата во оваа земја ќе порасне најмалку за три милиони тони, наведува Russia Today. Според Игор Павенски, главен аналитичар во аналитичарскиот центар „Русагротранс“, Русија би можела да собере вкупно 127,5 милиони тони жито, што би била една од најголемите жетви во земјата и втора по големина досега. Од овогодинешната жетва поголема била само жетвата во 2017 година, кога биле ожнеани 135,5 милиони тони жито.

– „Американското министерство за земјоделство изгледа ја потценува нашата жетва “, изјавил Павенски, укажувајќи на рекоредните жетви во средна Русија и регионот на Волга. Истакнува дека и оваа година за пченицата се искористени рекордни 29,4 милиони хектари земја. Спрема, Ростат, тоа е за 1,3 милиони хектари повеќе отколку што е било предвидено во 2019 година.

Тамошното министерство за земјоделство соопшти дека од 12 август се собрани житото и мешунките и тоа 48% од засадените површини, што е повеќе отколку на истиот датум минатата година. Министерството не ја измени проценката за жетвата на житото, кое моментално изнесува 122,5 милиони тони.

Да потсетиме, во Франција оваа година жетвата на пченица потфрли. Во Германија родот ќе биде нешто помал од минатогодишниот но и понатаму ќе ги достигне оние 21,48 милиони тони. Што се однесува до Полска, третиот најголем производител на пченица, забележан е пораст на родот за 5% и достигнува 11, 75 милиони тони.

Се предвидува дека овогодишната жетва во Европската унија заедно со Велика Британија ќе изнесува 128 милиони тони, што е за 13% помалку во однос на 2019 година.

Извор: Агроклуб 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
Планираната сеидба на сончоглед во Русија е на 10,9 милиони хектари
Повеќе од 43.000 тони спорна пченица: Украина ја обвинува Русија за кражба, Израел е под притисок
Површините со пченка ќе се намалат за 1 милион хектари во 2026 година: Што ќе посеат американските земјоделци?
Директни плаќања за 2026 за производство на семенски материјал за пченица, јачмен, ориз, тритикале и добиточен грашок
Таг:жетванајголена жетвапченицаРусија
Претходен напис Пиперките имаат три пати повеќе витамин Ц од портокалите и штитат од канцер
Следен напис И покрај намалената побарувачка, Кина продолжува со рекордното одгледување на пилиња
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?